Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Неколку стотици припадници на француските сили се обидуваат да ја вратат контролата врз делови од Нова Каледонија по шестата ноќ на насилни немири на овој архипелаг во Пацификот.

Групи тешко вооружени француски маринци и полиција патролираат во главниот град Нумеа на најголемиот остров Гран Тер, каде што улиците се преполни со урнатини и пожари по уште една ноќ на насилство. Засега официјално е потврдена смртта на пет лица, додека стотици други се повредени.

Француските власти очекуваат дека со доаѓањето на специјалните сили од Франција ситуацијата ќе биде ставена под контрола.

„Засилувањата ќе ги контролираат областите кои ни се лизнаа од раце во последните денови“, изјави највисокиот француски функционер на Нова Каледонија, Луи Ле Фран.

Повеќе од 1.000 припадници на специјалните сили се испратени на островот и може да се видат како се движат низ Нумеа во црвени беретки со гас-маски и штитови за немири.

Новинарите на AFP во градската населба Магента пронајдоа изгорени возила и згради додека полициските сили се обидуваат да ја вратат контролата врз многу делови од главниот град. Жителите јавуваат дека во текот на ноќта слушнале звук од ротори на хеликоптер, односно истрели и големи експлозии.

Двајца жандарми се убиени, едниот е застрелан во главата, а другиот е убиен од пријателски оган, соопштија официјални лица. Меѓу жртвите имало и тројца староседелци од заедницата Канак.

Париз ја обвини сепаратистичката група позната како CCAT дека стои зад немирите. Десет активисти за независност се ставени во домашен притвор и властите ги обвинуваат за организирање насилство.

Нова Каледонија е француска колонија од XVIII век и населението е поделено околу тоа дали архипелагот треба да остане под контрола на Париз или да стане независна земја.

Последниот циклус на насилство беше поттикнат од плановите во Париз да се воведат нови правила во Нова Каледонија кои би можеле да им дадат право на глас на десетици илјади жители што не се домородни, кои живеат на островот повеќе од 10 години. Групите за независност велат дека тоа ќе го намали гласот на домородните Канаци, кои сочинуваат околу 40% од населението кое брои 300.000. BBC наведува дека во последните 25 години околу 40.000 француски граѓани се преселиле во Нова Каледонија откако француските власти го стимулираа доселувањето за да можат да ги надгласуваат домородните народи. На тој начин и успеаја да ги поткопаат референдумите за независност на Нова Каледонија во 2018 и 2021 година кога 57% и 53% гласаа против. Домородното население гласаше за отцепување.

Француската влада укажа на вмешаноста на „азербејџански актери“ во насилните протести и го продлабочи дипломатскиот спор меѓу двете земји. Баку ги негираше тврдењата.

реклама

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more

Бела снегулка - рецепт за омилениот колач на Јованка Броз

Read more

Пет намирници кои никогаш не треба да ги консумирате на празен стомак

Read more

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Свет

Трамп бара избори во Украина: Може ли Зеленски повторно да победи?

Read more

Кокаин вреден 15 милиони евра најден на дното на Балтичкото Море

Read more

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Read more

Зеленски по средбата меѓу Русија и САД: Искрено, не ми е ни гајле

Read more
 

Вести

Трамп бара избори во Украина: Може ли Зеленски повторно да победи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кокаин вреден 15 милиони евра најден на дното на Балтичкото Море

Читај повеќе

Лесновска ликовна колонија во Куманово

Читај повеќе

Низа силни земјотреси на Санторини во текот на денот

Читај повеќе

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Читај повеќе

Зеленски по средбата меѓу Русија и САД: Искрено, не ми е ни гајле

Читај повеќе
  • play_arrow

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Читај повеќе

Рубио по состанокот САД-Русија: Целта е да се обезбеди мир за Украина прифатлив за сите страни

Читај повеќе

Охриѓанец проголтал пакетче кокаин при полициски претрес

Читај повеќе