Француски двобој во Женева: Peugeot 208 vs Renault Clio

Женевската премиера на новите генерации на двата француски ривали на европскиот пазар го најави почетокот на острата борба за наклонетоста на купувачите на Стариот континент.

И Peugeot и Renault на Саемот на автомобили во Женева ги претставија новите верзии на своите бестселер модели во Европа.

Clio и 208-ката се значајни за продажните резултати на двата бренда. Моделот на Renault се продаде во Европа во 365.508 примероци, а Peugeot 208 беше испорачан на 235.357 купувачи.

И во двата случаи станува збор за генерации во заминување што се на пазарот повеќе од шест години, па француските производители со право очекуваат раст на продажбата кога во 2019 година новите модели ќе се најдат во продажните салони.

Тоа особено се однесува на Peugeot чија 208-ка имаше нешто послаби резултати од очекуваните.

Кога зборуваме за дизајнот на новите модели, применети се различни концепти за привлекување купувачи.

Renault Clio од петтата генерација стилски целосно се надоврзува на претходникот, па може да се рече дека станува збор за типичен еволутивен дизајн што Volkswagen со децении го применува на своите модели.

Од друга страна, новиот Peugeot 208 претставува исчекор од дизајнот на претходните генерации на овој модел, но има одредени стилски елементи што потсетуваат на некогашниот Peugeot 205.

Во поглед на моторизација, и Renault и Peugeot го отворија патот кон „електрификација“ на своие нови модели.

Додека Renault се одлучи за хибридизација, Peugeot ќе понуди чисто електрична варијанта на 208.

Новиот Renault Clio ќе има E-Tech хибриден погонски систем во кој се комбинирани 1,6-литарски бензинец од последната генерација  со два електромотори и батерија со капацитет од 1,2 kWh.

Clio E-Tech на пазарот ќе се појави во 2020 година, а Renault наведува дека овој автомобил ќе стартува со електричен погон и дека за 80% од возењето во градски услови ќе го користи исклучиво електромоторот.

Во поглед на конвенционалните мотори, тука е атмосферскиот 1,0-литарски Sce бензинец со три цилиндри, во верзии со 65 исо 75 коњски сили, и двете во пар со петбрзински рачен менувач.

Renault Clio за прв пат ќего користи новиот трицилиндарски 1.0 турбо бензинец TCe што беше развиван во рамки на алијансата Nissan-Renault-Mitsubishi. Овој мотор произведува 100 коњски сили и вртежен момент од 160 Nm, со петбрзински рачен менувач или опционалниот X-Tronic CVT менувач.

На врвот на бензинската понуда на новото Clio се наоѓа 1,3 литарскиот турно бензинец што е развиен во соработка со Daimler и кој во оваа варијанта испорачува 130 кс и 240 Nm. Моторот е во двоец со автоматизиран седумстепен EDC менувач со двојно квачило.

Renault не се откажа од дизел варијантите, па оние кои преферираат ваков вид на погон може да бираат меѓу две опции на 1,5-литарски dCi агрегат – основен со 85 кс и 220 Nm и помоќен со 115 кс и 260 Nm.

Peugeot за почеток на купувачите ќе им понуди трицилиндарски 1,2-литарски турбо бензинец и 1,5-литарски дизел со четири цилиндри. Бензинската варијанта произведува 75 кс и се испорачува исклучиво со петбрзински рачен менувач.

Peugeot подоцна ќе ја прошири понудата со уште два бензинци. Верзијата со 100 кс користи шестбрзински рачен менувач или опционален осумстепен автоматик, а најмоќниот бензински агрегат доаѓа со 135 кс и е стандардно опремен со автоматски менувач со осум брзини.

Најголем новитет во полето на моторизацијата е воведувањето на целосно електрична верзија со ознака e-208.

Овој автомобил користи батерија со капацитет од 50kWh, а електромоторот постигнува моќност од 136 кс (100 kW) со 260 Nm вртежен момент.

Peugeot e-208 забрзува од 0 до 100 км/ч за 8,1 секунди. Може да помине и до 340 км со едно полнење. Ако се полни со 7,4 киловатен полнач за целосно полнење потребни се 8 часа, а на полнач од 11 kW, потребни се 5 часа и 15 минути.

Peugeot гарантира дека батеријата ќе задржи 70% од својот почетен капацитет и по 8 години користење или 160.000 поминати километри.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Авто новости

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Read more

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Read more

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Read more

Стокец од 10.000 евра!

Read more
 

Автомобили

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе
  • filter

Porsche Panamera, Audi Q8 и Volkswagen ID.7 се победници!

Читај повеќе
  • play_arrow

Бензин, дизел или хибрид: Кое е најбрзото BMW од Серија 3?

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии од новиот Alfa Romeo: SUV Milano од секој агол

Читај повеќе