Фразата brain rot е прогласена за збор на годината на Оксфорд

По гласањето во кое учествуваа повеќе од 37.000 луѓе, Оксфорд соопшти дека зборот на 2024 година е brain rot („гниење на мозокот“ прев. анг.).

Јазичните експерти направија потесен избор на шест зборови кои ги одразуваат расположенијата и разговорите кои помогнаа да се обликува изминатата година.

По две недели се собраа да го разгледаат јавното мислење, резултатите од гласањето и лингвистичките податоци пред да донесат одлука, по што го објаснија значењето на терминот.

„Гниење на мозокот“ се дефинира како „наводно влошување на менталната или интелектуалната состојба на една личност, особено како резултат на прекумерна консумација на материјал (сега особено онлајн содржина) кој се смета за тривијален или бескорисен. Исто така, нешто што се карактеризира како веројатно да доведе до такво влошување.

„Нашите експерти забележаа дека ‘гниење на мозокот’ доби ново значење оваа година како термин што се користи за изразување загриженост за влијанието на консумирањето прекумерни количини на неквалитетни онлајн содржини, особено на социјалните медиуми. Терминот се зголеми во фреквенцијата на користење за 230 проценти помеѓу 2023 и 2024 година“, изјавија тие.

Првата евидентирана употреба на терминот се наоѓа во книгата на Хенри Дејвид Торо од 1854 година, Walden, која ги опишува неговите искуства за едноставен начин на живот во природниот свет. Како дел од своите заклучоци, Торо ја критикува тенденцијата на општеството да ги обезвреднува сложените идеи, или оние кои можат да се толкуваат на повеќе начини, во корист на едноставни, што тој ги гледа како индикативни за општ пад на менталниот и интелектуалниот напор.

„Додека Англија се обидува да го излечи гниењето на компирот, таа нема да настојува да го излечи гниењето на мозокот - што преовладува многу пошироко и фатално“, напиша Торо во делото од 1854 година.

Терминот доби ново значење во дигиталната ера, особено во последните 12 месеци. Првично популарен на социјалните мрежи, сега се повеќе се користи во мејнстрим новинарството.

„Гниење на мозокот“ се користи за да се опише и причината и последицата на ова, и се однесува на содржина со низок квалитет и вредност што се наоѓа на социјалните мрежи и на интернет, како и последователниот негативен ефект што се смета дека го има консумацијата на овој тип на содржина на поединците или општеството.

„Сметам дека е фасцинантно што терминот ‘гниење на мозокот’ е прифатен од генерацијата Z и генерацијата Алфа, заедниците кои се во голема мера одговорни за потрошувачката и создавањето на дигиталната содржина на која се однесува овој термин. Овие заедници имаат зголемено изразување преку социјалните медиуми, токму онаму каде што се вели дека предизвикува „гниење на мозокот“ покажува донекаде дрска самосвест кај помладите генерации за штетното влијание на социјалните мрежи што го наследиле“, рече претседателот на Oxford Languages, Каспер Гратвол.

реклама

Чек дис аут

Русин упадна во камион со возач без свест за да спречи сообраќајка

Read more

Драма над облаците: Австралиец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката

Read more

Ракун провалил во продавница за алкохол, се опил и се онесвестил во тоалетот

Read more

Галеб се удри во лицето на водителка и ѝ го раскрвари окото

Read more
 

Магазин

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Читај повеќе

Портокалот и неговите придобивки

Читај повеќе

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Читај повеќе

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата во љубовта до крајот на 2025-та

Читај повеќе

Ран знак на деменција што често се игнорира

Читај повеќе

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Читај повеќе

Ендокринолог препорачува што треба да јадете по 50-тата година

Читај повеќе

Посен подварок со суви сливи за Свети Никола

Читај повеќе