Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Филип Здравески
/ 06.02.2025 / 10:48

Македонската репрезентација за играчи до 21 година доби тешка и квалитетна група во квалификациите за ЕУРО 2027.

Европскиот великан Италија и секогаш силните Полска и Шведска се најдоа во групата Е каде на денешната жрепка во УЕФА беше извлечена Македонија, заедно со уште и Црна Гора и Ерменија. На жрепката во Нион присуствуваа Ѓорѓи Христов, Агим Ибраими и Илија Најдоски.

На завршницата пласман ќе обезбедат победниците на деветте групи, како и најдобрата второпласирана репрезентација. Останатите осум второпласирани ќе играат бараж за да се добијат преостанатите четири учесници.

Европското првенство во јуни 2027 година ќе се одржи во соседните Албанија и Србија, кои пред некој ден од УЕФА беа официјално потврдени за домаќини. Двете репрезентации кодомаќини имаат директен пласман.

Квалификациските натпревари почнуваа веќе во март, а кола ќе има и во јуни, септември, октомври и ноември годинава, па ќе продолжат во 2026 во март, септември и октомври. Баражите ќе се играат во ноември 2026. Распоредот наскоро ќе биде познат.

Христов, Ибраими и Најдоски на жрепката; Фото: ФФМ

Македонија беше во група во Шведска на минатите квалификации. Прво сензационално победивме на гости со 1:0, а потоа загубивме дома со 2:0. Со Ерменија, пак, бевме во група во квалификациите за ЕУРО 2023 и двапати славевме (2:1 и 3:1).

Ова ќе биде друга генерација фудбалери предводени од нов селектор. По претседателската смена во ФФМ веднаш беше разрешен Драги Канатларовски поради катастрофалните резултати, а на негово место ангажиран е Горан Станиќ, кој со Работнички сезонава брилира во домашната лига.

реклама

Фудбал

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Read more

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Read more

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Read more

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Read more
 

Спорт

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Читај повеќе
  • play_arrow

Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Читај повеќе

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Читај повеќе

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Читај повеќе
  • play_arrow

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Читај повеќе

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Читај повеќе