
Репрезентацијата на Данска во првите две кола од групната фаза на ЕП во Германија собра вкупно два бода со ремито против Словенија и Англија, а во последното коло ќе бара премин во следната рунда од натпреварувањето против Србија.
Избраниците на Каспер Хјулманд оставија многу добар впечаток на теренот, но најмногу се зборува за нивниот потег надвор од теренот.
Според новиот договор со Данскиот фудбалски сојуз, машката и женската репрезентација на земјата ќе добиваат еднакви премии и бонуси за настапи и резултати на големите натпреварувања. Најзаслужни за тоа се фудбалерите од репрезентацијата кои ги одбија покачувањата за да бидат рамноправни со колешките.
Истовремено за 15 отсто е намалено и осигурувањето за машката екипа, што предизвика зголемување на осигурувањето на женскиот тим за 50 отсто, но и на помладите селекции.