Фудбалерите тренираа пред Словенија
Македонската фудбалска репрезентација денеска го одржа официјалниот и последен тренинг пред утрешната приајтелска против Словенија во Скопје.
Со пристигнување на капитенот Горан Пандев на официјалниот тренинг недостасуваа само двајца: позитивниот Енис Барди, кој е во изолација, како и голманот Столе Димитриевски, кој нешто подоцна денеска слета од Шпанија.
Израниците на Игор Ангеловски веќе ги почнаа подготовките за претстојниот дебитантски настап на ЕУРО, а утре го одиграат и првиот од двата контролни натпревари. Натпреварот почнува од 18 часот на „Тоше Проески“ арената, а картите, кои се во ограничени количини, веќе се продаваат по цена од 200 и 300 денари.
Фото: ФФМ