Фудбалерка добива закани по живот откако одби да му оддаде почит на Марадона

Шпанската фудбалерка Паула Дапена (24) одби да учествува во едноминутно молчење поради смртта на Диего Марадона и сега добива закани по живот.

Фудбалерката на шпанскиот клуб Виахес Интериаса пред пријателскиот натпревар против Депортиво ла Коруња седна на тревникот свртена во спротивна насока од другите, додека сите останати фудбалерки, тренери и судии стоеја во тишина.

„Нема да стојам проостум за еден насилник, педофил и силувач, туку ќе седнам и ќе го свртам грбот“, ја цитираа шпанските медиуми.

„За да може некој да се смета за одличен играч, тој мора да биде пред сè и маж и да има доблести кои се поважни од вештините со топка, а за кои се знае дека кај Марадона беа просто спектакуларни“, вели младата фудбалерка.

URL

Дапена рече дека добила голема поддршка за нејзиниот потег, но исто така и закани по живот. Заплашувања и закани стигнале и до нејзините колешки. Но, таа истакна дека никогаш не зажалила за стореното и дека би го направила истото повторно.

„Моите феминистички идеали не можат да го дозволат тоа – да му оддадам чест на Марадона. Тој беше неверојатен играч за мене, но како личност беше далеку од некој кој треба да биде обожаван“, изјави таа за радиоемисијата A Diario.

URL

Марадона се соочи со обвиненија за семејно насилство откако во 2014 година беше објавено видео на кое тој се расправа со тогашната девојка и се чини дека ќе ја удри.

Тој ги негираше обвинувањата, велејќи: „Го грабнав телефонот, но се колнам во Бога дека никогаш не сум удрил жена“.

Никогаш не беше поднесено обвинение против него за овој случај.

Марадона, кој важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина минатата среда, истиот ден кога се одбележува Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе