Галичката свадба 2021 низ објектив
Зурлите и тапаните денеска повторно ечеа во Галичник. Илјадници посетители ја продолжија традицијата на Галичката свадба.
„Нека е вечна љубовта на Катерина Илиевска и Филип Бундовски, овогодинешните невеста и зет“, напиша претседателот Стево Пендаровски на Facebook притоа објавувајќи ги и десетте фотографии.
Тој заедно со неговата сопруга присуствуваа на овој традиционален македонски настан.