Галијани открива: Во 1998 го потпишав Чави, но сè пропадна поради мајка му

Прославениот функционер на Милан, Адриано Галијани се присети во 1998 година како потпишал договор со Чави Ернандес и со овој пример објасни зошто не сака да зборува за трансферите пред тие да бидат официјално објавени.

Галијани моментално работи како директор на Монца, и тоа многу успешно со оглед на тоа што ја воведе оваа екипа во елитниот ранг на италијанскиот фудбал - Серија А, а тамошните медиуми пишуваат дека моментално е „најзафатениот фудбалски функционер“ и дека тајно подготвува неколку одлични трансфери во својот клуб.

Така, при одговорот на прашањето за доаѓањето на Стефано Сенси од Интер, тој се потсети на 1998 година и како му пропаднало доаѓањето на Чави во Милан.

„В петок ќе има промоција на Сенси, а тој ќе дојде во нашиот клуб како позајмен играч од Интер. Остануваат само лекарските прегледи кои треба да се направат пред промоцијата и не би требало да има никакви проблеми. Мислам дека тоа е обична формалност... Тој е одличен играч, но морам да се потсетам дека во 1998 година се обидов да го добијам Чави од Барселона“, започна Галијани и продолжи:

„Тогаш тој беше тинејџер, всушност потпиша за нас, но бидејќи мајка му не го пушти да оди толку далеку, трансферот на крајот пропадна“.

Чави за Барселона дебитираше во 1998 година, а за овој каталонски тим настапуваше во наредните 17 години.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе