Пропржете компири, печурки и пиперки и направете вкусна вечера за целото семејство. Може да ви послужи и како гарнир за месо за ручек.

Компирите се практична и евтина храна од која можете да направите широк спектар на јадења. Обично одат одлично во комбинација со месо, зеленчук, може да се додадат и во тесто... а најчесто се служат како прилог.
Доколку сакате да јадете компири, ви предлагаме да го пробате овој рецепт. Додадете пржени печурки и пиперки и за малку пари направете совршено вкусно јадење кое ќе го сака целото семејство.
Потребни состојки:
- 300 гр печурки
- 2 бабури (жолта и црвена)
- 1 кромид
- 700 гр компири
- ½ нишка магдонос
- масло
- сол
- бибер
Подготовка:
Во тавче на масло пропржете ги сечканите печурки, па додадете пиперки и кромид исечкани на ребра. Зачинете со сол и бибер, а потоа измешајте и динстајте додека не омекнат. Во друго тавче на малку масло пропржете ги ситно сечканите компири. Зачинете со сол и бибер. Потоа во сад измешајте ги пржените компири со печурките, пиперките и кромидот, по потреба додадете уште зачини, па убаво измешајте. Посипете со сечкан магдонос.