СЕРИЈА А 2021/22

Гасп: На Интер не му фали Лукаку, Аталанта не е кандидат за Скудетото

Стратегот на тимот од Бергамо признава дека Интер, Милан и Наполи имаат нешто што на неговата Аталанта сезонава ѝ недостасува поради што неговиот тим не е кандидат за титулата.

В сабота од 18 часот Аталанта ќе му гостува на Интер, па по таа пригода Џан Пјеро Гасперини зборуваше со новинарите. 

„Интер, Милан и Наполи имаат нешто повеќе од нас и поради тоа нема логика да се стремиме кон Скудетото. Торино и Фиорентина се на исто ниво како нас“, вели популарниот Гасп кој на чело на Аталанта е од јуни 2016 година.

„Интер сезоната ја почна добро, и покрај продажбите. Лукаку им беше главна алка во тимот, се навикнаа нападите да им одат полесно ослонувајќи се повеќе на него. Беа неверојатни лани, ефективни и силни. Многумина помислија дека ќе ги погоди продажбата на Лукаку, но тие пронајдоа други решенија“.

Под негово водство тимот од Бергамо почна да растура во Серија А, но никогаш не успеа да освои трофеј. На двапати губеше во финалето од Копа Италија (2019 и 2021), а во Серија А минативе три години завршува како третопласирана.

Во престет на 6. коло кое е на програмата викендов Аталанта со 10 бодови е на 5. место, додека Интер е втор со 13, колку што има и Милан. Лидер со максимален скор од 15 бодови е Наполи.

реклама

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе