ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Гасперини имал COVID-19 кога ја водел Аталанта против Валенсија

Стратегот на тимот од Бергамо не знаел дека е заразен додека седел на клупата за време на пресметката од Лигата на шампионите иако имал симптоми. Дури пред десерина дена испитувањата покажале дека има антитела од вирусот.

Џан Пјеро Гасперини бил еден од многумината заразени кои присуствувале на натпреварот Валенсија - Аталанта, реваш од осминафиналето на Лигата на шампиони.

„Ден пред натпреварот со Валенсија не се чувствував добро, потоа попладнето дента ми беше уште полошо“, почнува да раскажува Гасперини за La Gazzetta dello Sport.

„Доколку ги погледнете сликите ќе видите дека не изгледав добро на клупата. Тоа беше на 10 март. Двете ноќи после тоа не можев да спијам. Немав температура, но се чувствував како да имам“, вели стратегот на „Нераѕурите“ од Бергамо.

„На секои две минути ќе поминеше брза помош бидејќи близу тренинг центарот има амбуланта. По звуците, како да беше воена зона. Ноќе си мислев што би се случило со мене доколку завршам во болница? Не можам сега да заминам, имам уште многу да направам...“.

„Саботата на 14 март го одржав најтешкиот тренинг последниве години. Еден час трчав на трака, потоа 10 километри надвор. Се чувствував силно, одлично“.

Гасперини потоа загубил чувство за вкус, а тоа е знак за присуство на COVID-19.

„Ден потоа тимот доби на подарок храна и Дон Перињон од 2008 од страна на шеф на кујна кој е фан на Аталанта. Го пробав и реков 'Ова е вода...', а храната имаше вкус на леб. Комплетно го имав загубено чувството за вкус“.

„Останав во Ѕингонија тренинг центарот со недели. Кога се вратив во мојот дом во Торино цело време ги почитував мерките за социјална дистанца со мојата жена и децата. Бидејќи никогаш не добив температира, не ми земаа брис, но пред 10 дена тестот на крв покажа дека сум имал COVID-19. Имам антитела, но тоа не значи дека сум имун“, вели Гасперини.

Серија А ќе продолжи на 20 јуни, а популарниот Гасп ќе ја предводи Аталанта од клупата.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе