УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Гасперини: Нејмар? Ќе го натераме тој да се брани од нас

Аталанта вечерва игра против моќниот тим на ПСЖ, но тренерот Џан Пјеро Гасперини не е многу загрижен за големите ѕвезди во противничкиот табор.

„Нејмар е еден од најдобрите фудбалери на светот. Најдобра одбрана од него е да го нападнеме и да го натераме тој да се брани од нас. Ако се сите сконцентрирани, ќе го сопреме“, смета италијанскиот стратег.

Нејмар не е единствената закана по голот на Аталанта бидејќи во составот на ПСЖ е и чудото Килјан Мбапе. Тој имаше повреда и не се знае дали ќе игра од почеток или не.

„Ние се подготвуваме како да ќе игра. Не знам дали ќе игра од почеток. Она што го знам е дека нам ќе ни недостасуваат Иличиќ и Голини, тоа е сигурно“. Гасп повеќе го мачи отсуството на повредениот голман Пјерлуиџи Голини и Словенецот Јосип Иличиќ кој поради семејни проблеми не е во составот.

Во фазата по група Аталанта беше заедно со два тима кои се во игра за пехарите во Лигата на шампиони и во Лига Европа.

„Исто така знам дека Манчестер Сити и Шахтар можат ги освојат двата трофеа, тие беа во нашата група. Не се квалификувавме на среќа, како што некои тврдат. Бевме повеќе од одлични. Единствениот натпревар на среќа беше ремито меѓу загрепски Динамо и Украинците“. На тој натпревар Шахтар губеше 3:1 во Загреб и со два гола во судиското надополнување дојде до реми.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе