Предводникот на Аталанта со неверување за необичниот крај на синоќешната пресметка со ПСЖ во која Аталанта изгуби со два гола во самиот крај.
„Многу ни е криво, бевме толку блиску и ни фалеше малку. Се чинеше дека ќе успееме, ќе беше тоа неверојатен успех“, почна Ган Пјеро Гасперини.
Синоќа Аталанта поведе со голот на Марио Пашалиќ во 27. минута, но Французитен со фуриозен финиш прво 90-тата израмнија преку Маркињус, а во 90+3 Камерунецот Максим Шупо-Мотињ ги расплака бергамашите. На головите асистираа Нејмар и Мбапе.
„Сепак, ни останува сатисфакцијата за искуството кое го добивме. За вакви натпревари противникот има неколку искусни играчи и плус некои од најдобрите на светот. Мбапе и Нејмар ги вратија во живот нивните акции. Момците дадоа навистина сѐ од себе, но не можам а да не ги пофалам: да се даде повеќе од ова беше невозможно“.
Гасперини смета и дека ПСЖ е фаворит за титулата која за францускиот клуб би била прва во Лигата на шампиони.
„Ние сме тим со ограничени можности. Имаме ентузијазам и страст, игравме со нив и добро ни одеше. Во иднина ќе се обидеме да се шодобриме, но сепак треба да бидеме задоволни. Си заминавме разочарани бидејќи мислевме дека сме веќе во полуфиналето“