Гавраните знаат да бројат на глас

Научниците открија дека гавраните можат да „бројат“ на глас, односно свесно да крекаат одреден број пати како одговор на визуелните и аудитивните дразби.

Иако способноста за разбирање на бројките е забележана кај други животни, како што се пчелите, овој тип на нумеричка писменост е забележан само кај луѓето.

„Свесното производство на одреден број вокализации бара софистицирана комбинација на нумерички способности и вокална контрола. Досега не сме свесни за тоа дека други животни можат да го направат тоа. Се покажа дека гавраните можат да произведат од една до четири вокализации како одговор на произволни знаци поврзани со нумерички вредности“, вели невронаучникот Дијана Љао од Универзитетот во Тубинген во Германија.

Способноста за броење на глас се разликува од самото разбирање на бројките. Покрај нумеричкото разбирање, бара и намерна гласовна контрола со цел комуникација. Познато е дека луѓето користат говор за да бројат нешто и да соопштат количина, пишува Science Alert.

Со оглед на тоа што претходно беше откриено дека гавраните разбираат покомплицирани нумерички концепти, како што е нула, Љао и нејзините колеги одлучија подетално да ги истражат нивните софистицирани нумерички вештини.

Тие тренираа три гаврани да произведат различен број вокализации, помеѓу еден и четири, откако ќе им биде покажан специфичен симбол или звучен знак. Откако ќе „гракнеа“ колку што треба, гавраните мораа да ја колвнат метата за да покажат дека завршиле со броењето.

Научниците откриле дека сите три гаврани можат да гракаат одреден број пати во согласност со дадениот стимул. Повремено правеа грешки, но најчесто со граќање еднаш премногу или премалку. Ова, велат експертите, е слично на начинот на кој бројат малите деца кои штотуку учат да кажуваат бројки.

Истражувањето Crows "count" the number of self-generated vocalizations беше објавено во списанието Science.

реклама

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Студен туш за Киев: Лавров ја отфрли идејата Русија да ѝ врати територии на Украина

Read more

Колку километри треба да трчате според вашата возраст?

Read more

Неделен хороскоп од 16 до 22 февруари

Read more

Наука

Пресвртница во медицината: Научниците открија како настанува Хантингтоновата болест

Read more

НАСА испраќа мисија на Месечината со најнаучната опрема досега

Read more

Научниците открија две фази на големото испарување на Средоземното Море

Read more

Што наследуваме од мајката, а што од таткото?

Read more
 

Гик

Историчар тврди дека го открил идентитетот на озлогласениот сериски убиец Џек Мевосек

Читај повеќе

Серијата Samsung Galaxy S24 добива одлична ВИ карактеристика

Читај повеќе

Математика – универзален јазик на универзумот или само човечка опсесија со бројки?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нинџа желките доаѓаат во Call of Duty

Читај повеќе
  • play_arrow

Како новата вештачка интелигенција на Meta може да ви ги чита мислите?

Читај повеќе

Instagram тестира нова контроверзна опција

Читај повеќе

Ако имате iPhone, веднаш исклучете една функција

Читај повеќе

Пекинг одобри изградба на подводна „вселенска станица“

Читај повеќе

Нова технологија ја претвора топлината од издувните гасови од авиони и автомобили во електрична енергија

Читај повеќе