Gazzetta тврди: Ферари од јануари го менува Биното со Васер

Ф1
Ф.З.
/ 15.11.2022 / 18:23

Од 1 јануари тимот на Ферари наводно ќе има нов прв човек, а тоа ќе биде Фредерик Васер, кој на таа позиција ќе го замени Матиа Биното, пренесува La Gazzetta dello Sport. Од италијанскиот тим истакнаа дека нема основа за шпекулации за статусот на Биното.

Според извори на италијанскиот весник со розеви страници, Васер веќе поминал тест во Ферари во текот на летото, кој го спровел претседателот на компанијата Џон Елкан, бидејќи раководството во Маранело веќе почнало да размислува кој би можел да го наследи Биното.

Од 2019 година Биното е шеф на Ферари, чии редови се приклучи уште во 1995 година, а со текот на годините напредуваше во клупската хиерархија. Пред сегашната функција тој две години беше технички директор на италијанскиот тим.

URL

Откако Биното е на чело на тимот, Ферари премина од очај во слава и назад, но чекањето за титулата продолжи и во својата 16-та сезона. Италијанскиот тим брилијантно влезе во новата ера на Формула 1, бидејќи Шарл Леклер славеше на отворањето на сезоната, но многу брзо следеше доминација на Макс Верстапен и Ред Бул. Во меѓувреме, Монегаскиецот уште двапати стигна до највисокото скалило на подиумот, а неговиот тимски колега Карлос Саинс само еднаш, а сезоната ја одбележаа низа дискутабилни одлуки во однос на стратегијата.

Од друга страна, Васер моментално е првиот човек на Заубер, кој се натпреварува како Алфа Ромео, а на таа позиција се наоѓа повеќе од пет години. Тој претходно беше тимски шеф на Рено.

Малку подоцна од Ферари истакнаа дека гласините се неосновани, и покрај резултатите на тимот.

URL

Овогодинешниот шампионат во Формула 1 завршува претстојниов викенд со Големата награда на Абу Даби.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе