General Motors од 2035 ќе произведува само електрични возила

General Motors, една од најголемите автомобилски компании во светот, планира до 2035 година да запре со производство на коли на бензин и нафта и оттогаш да нуди целосно електричен асортиман.

GM е една од најголемите и традиционални произведувачи на автомобили, кои поставија рок да преминат кон производство на електрични возила, јави The Wall Street Journal. Информацијата всушност е објавена денеска на социјалната мрежа LinkedIn од Мери Бара, генерален директор на General Motors.

Повеќе држави како Јапонија и Обединетото Кралство, како и сојузната американска држава Калифорнија, ветија да ги забранат бензинските и нафтени коли до 2035, но тоа досега не го сторила голема и меѓународна компанија како General Motors.

Ова е прилично радикална одлука на еден од најстарите автопроизводители, бидејќи во моментот 98 проценти од продажбите на компанијата се возила што користат јаглеводородни горива и испуштаат издувни гасови. General Motors произведува големи пикап комбиња и теренски патнички возила со многу мала енергетска ефикасност, а кои што се со најголем удел во нејзините профити.

URL

Во ноември, компанијата соопшти дека до 2025 година ги зголемува инвестициите во хибридни возила со приклучок и технологии за развој на автономни коли до 27 милијарди долари, или повеќе од половина од вкупните капиталните инвестиции планирани за оваа петолетка.

GM исто така цели да запре со употреба на јаглеводородни енергенси до 2040 година, што значи елиминација на издувните гасови од сите свои производствени погони и активности како и елиминација на издувните гасови од возилата што ги изработува.

„Сметаме дека со нашите огромни напори ќе ги охрабриме и другите да го сторат истото оставајќи значајно влијание на нашата индустрија и економија“, истакна Бара.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе