Геомагнетна бура онеспособи 40 сателити на SpaceX

Гомагнетна бура предизвикана од голем сончев одблесок онеспособи најмалку 40 од 49 сателити неодамна лансирани од SpaceX како дел од комуникациската мрежа Starlink, соопшти компанијата.

Во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата во вторникот се вели дека сателитите биле оштетени минатиот петок, еден ден откако биле лансирани и ставени во орбитата на околу 210 километри над Земјата.

Сателитите беа испратени од ракетата Falcon 9 на SpaceX која полета од вселенскиот центар Кенеди во Флорида. Нивното лансирање дојде за време на геомагнетна бура минатата среда и четврток, што беше предупредено од Центарот за предвидување на времето во вселената на САД.

Во предупредувањето се спомнуваат соларни изливи кои настанале по голема експлозија на соларна плазма и електромагнетно зрачење на површината на Сонцето, а биле забележани на 29 јануари оваа година. Се претпоставува дека три дена подоцна, на 1 февруари, стигнале до планетата Земја.

Според истото предупредување, условите погодни за геомагнетни бури би можеле да траат до 3 февруари.

Невремето ја загреа атмосферата на Земјата

Според SpaceX, брзината и моќта на сончевата бура ја загреале атмосферата на Земјата и ја зголемиле нејзината густина во орбитата на сателитите. Наскоро имаше премногу товар што сателитите не можеа да го издржат.

Операторите на Starlink се обидоа да го намалат оптоварувањето, но тие напори беа неуспешни за повеќето сателити, кои потоа беа спуштени на пониски нивоа на атмосферата каде што изгореа, според SpaceX.

Ова е без преседан колку што знам“, изјави за Reuters астрофизичарот Џонатан Мекдауел од Универзитетот Харвард. Тој додаде дека сѐ уште не наишол на случаи во кои откажувањето на сателитот е предизвикано од зголемената густина на атмосферата, по сончевата бура. Дефектот на сателитот обично се јавува поради поголемо електромагнетно зрачење.

SpaceX, ракетна компанија со седиште во Лос Анџелес, основана од претприемачот и милијардер Илон Маск, лансираше стотици мали сателити во орбитата од 2019 година како дел од услугата за широкопојасен интернет Starlink на Маск. Компанијата на крајот предвидува констелација од приближно 12.000 сателити.

реклама

Вести

Земји каде што е најлесно да се живее како дигитален номад

Read more

Како Џеф Безос ќе произведува струја на Месечината?

Read more

Научници открија 11.742 вируси во длабочините на Тихиот Океан

Read more

Колку соларни панели се потребни за да напојуваат еден дата-центар?

Read more

Гик

Земји каде што е најлесно да се живее како дигитален номад

Читај повеќе
  • play_arrow

Google ја создаде најбизарната тастатура: Не барате букви со прстите, сами доаѓаат до вас

Читај повеќе

Дали ова е крајот на Android каков што го знаеме? 

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џеф Безос ќе произведува струја на Месечината?

Читај повеќе

Mozilla го редизајнира Firefox и сака да го направи попривлечен за корисниците на Chrome

Читај повеќе

Научници открија 11.742 вируси во длабочините на Тихиот Океан

Читај повеќе

Колку соларни панели се потребни за да напојуваат еден дата-центар?

Читај повеќе

Како Tinder се обидува да ги убеди корисниците да „дејтаат“?

Читај повеќе

Научниците открија што го зголемува ризикот од рак на белите дробови, особено кај непушачите

Читај повеќе