Герасимовски: Да беше наша надлежност, ѕидот одамна ќе беше саниран

Општина Центар остро ги демантира наводите и шпекулациите дека санацијата на потпорниот ѕид на Клинички центар и улица „Белградска“ се во надлежност на општината. За тоа постојат законски акти и одлуки. Со одлука на Совет и Договорот склучен меѓу Град Скопје и Општина Центар на 05.08.2019 година, градските власти ја преземаат обврската за проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на следниве улици на подрачејто на Општина Центар: „Белградска“, „Востаничка“, „Св. Кирил и Методиј“, „Димитрие Чуповски“, „Лазар Личеновски“, „Македонија“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Кеј Димитар Влахов“, „Пролет“, „Васил Ѓоргов“ и „Самоилова“.

Во договорот децидно стои: „Општина Центар се обврзува да не презема активности кои би ги попречиле или нарушиле проектирањето, изградбата, користењето, заштитата и одржувањето на наведените сообраќајници во Општината.

„Овој проблем се провлекува со години и постојано одговорот е ист, безбедноста и функционалноста на 'Белградска' не е наша надлежност. ЦУК и пред две години алармираше за состојбата со потпорниот ѕид кај Универзитетската клиника за детски болести и безбедноста на улицата 'Белградска'. На нивна иницијатива, Министерството за здравство посочи дека за санацијата е потребна координирана активност на јавните претпријатија на Град Скопје. И тогаш, Општина Центар, на 30.12.2022, децидно одговори дека безбедноста и одржувањето на 'Белградска' согласно Договорот од 05.08.2019, е обврска на Град Скопје. Да беше до нас, проблемот одамна ќе се решеше“, дециден е градоначалникот Горан Герасимовски.

Согласно договорот за меѓуопштинска соработка меѓу Градот и Општината, сите обврски за одржување на функционалноста на улица „Белградска“, што подразбира и градежни активности ако е потребно, е одговорност и обврска на Град Скопје, а Општина Центар не смее да презема активности во тој домен, се додава во соопштението на Општината.

ЦУК извести дека добиле пријава дека дел од ѕидот е урнат, но прашање на ден, можеби и час, кога ќе се сруши преостанатиот дел од ѕидот, каде што се паркираат и возила, а се движат и лица што влегуваат во болницата, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Македонија

Пратеникот Сулејмани поднесе оставка: Не сакам да бидам дел од компромис со луѓе на црни листи

Read more

Два земјотреса утринава ги разбудија охриѓани и стружани, епицентарот во Пештани

Read more

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Read more

Азир Алиу му сврте грб на Таравари, ексминистерот останува со ВЛЕН

Read more
 

Вести

Рубио: Русија подготвува предлог за прекин на огнот во Украина

Читај повеќе

Пратеникот Сулејмани поднесе оставка: Не сакам да бидам дел од компромис со луѓе на црни листи

Читај повеќе

Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Читај повеќе

Два земјотреса утринава ги разбудија охриѓани и стружани, епицентарот во Пештани

Читај повеќе
  • play_arrow

Докази кои Белата куќа не сакаше да ги објави за Бајден, испливаа снимки од сослушувањето

Читај повеќе

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Читај повеќе

Азир Алиу му сврте грб на Таравари, ексминистерот останува со ВЛЕН

Читај повеќе

Трамп пресече: Понеделник ќе биде Денот Д

Читај повеќе

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Читај повеќе