Герасимовски со полициска помош ќе го решава проблемот со прегласната музика во Капиштец

Општина Центар ќе добие полициска помош и асистенција во справување со вандализмот, сообраќајниот хаос и прегласната музика во Капиштец, но и во другите населби во локалната самоуправа.

Ова беше договорено со началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски на работниот состанок што се одржа на иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски.

Претставниците на МВР, меѓу другото беа запознаени со последните инциденти во населбата Капиштец, дивеењето на хулиганите и уништувањето на детските игралишта, демолирањето на уличното осветлување и ограбување на комуналниот пункт во вечерните часови. Општина Центар и официјално поднесе пријава до МВР, со пропратен материјал што би можел да помогне во истрагата. Договорено е полицијата да го зголеми присуството и патролите на терен.

Герасимовски на средбата го покрена и прашањето на локалите долж улицата Народен фронт, за прекумерната бучава и сообраќајниот метеж, за што беше поднесена и граѓанска петиција.

,,Жителите на Капиштец побараа од нас да ги повикаме сите надлежни институции и министерства за да се стави крај на самоволието на угостителските објекти. Во таа насока со МВР договоривме да преземеме конкретни чекори за да им го вратиме мирот и на нив и на другите жители во општината кои имаат слични проблеми “, рече Герасимовски.

Во делот на сообраќајот и непрописното паркирање, договорено е Министерството за внатрешни работи да ги засили контролите на најфреквентните места и да биде обезбедена полициска асистенција за пајак службата на Општина Центар која ќе почне да делува и во трета смена, посебно во деновите пред и за време на викендите. Инспекторите на Општина Центар заедно со полицијата ќе делуваат засилено и во делот на регулирање на прекумерната бучава.

реклама

Пијте го пред спиење: Напиток што го намалува шеќерот и помага при слабеење

Read more

Благодарение на еден трик засадените домати ќе имаат повкусни и поголеми плодови

Read more

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Read more

Приведен скопјанецот во чија куќа беа најдени четирите издрогирани деца

Read more

Македонија

Температури до 42°C, UV индексот 10

Read more

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија

Read more

Се укинува балансерот – министерот Минчев вели дека имало злоупотреби во минатото

Read more

Кривична против Иљази, ја оштетила Токсикологија за речиси 660 илјади денари

Read more
 

Вести

Бебе оставено среде центар во Велес, случаен минувач го однел во болница

Читај повеќе

Значително намалени нелегалните преминувања на надворешните граници на ЕУ, особено на Западен Балкан

Читај повеќе

Приведен скопјанецот во чија куќа беа најдени четирите издрогирани деца

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Големи протести во Албанија: Летаат молотови коктели и се бара оставка од премиерот

Читај повеќе
  • play_arrow

Што сè видовме на Викенд на гордоста - Скопје 2024?

Читај повеќе

На конкурсот за годишни награди на Друштвото на писателите пријавени вкупно 35 дела

Читај повеќе

Четворица малолетници најдени затруени, итно се пренесени на Токсикологија

Читај повеќе

Температури до 42°C, UV индексот 10

Читај повеќе

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија

Читај повеќе