Герила Акција „Стоп за фрлање храна“

„Стоп за фрлање храна“ е насловот на герила акцијата што денеска ја организира граѓанската организација „Банка за храна“ пред влезот на депонијата Дрисла.

Целта на овој настан, како што потенцираат организаторите, е да ги „запрат“ СИТЕ кои имаат намера да фрлат храна на депониите и ѓубриштата во нашето општество.

– Генералното собрание на Обединетите Нации во декември 2019 година го назначи 29 септември како Меѓународен ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна (International Day of Awareness of Food Loss and Waste), во таа чест и по тој повод Здружението „Храна за сите – Банка за храна Македонија“ и партнерите ЦБФ Македонија, членки на ВСС Ефект Коалицијата и волонтери од бројни организации решивме на симболичен начин да дадеме свој придонес и укажеме на ОГРОМНИОТ проблем од загубите и отпадот во храна, наспроти големата немерлива сиромаштија и глад кои ги имаме во нашето општество, велат организаторите.

Планираните акции се во рамки на одбележување на Првиот Ден Д, 29 септември Меѓународниот ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна (IDAFLW), во рамки на Глобалната акција на ФАО и Европската федерација на Банки за храна (ФЕБА) ширум Светот и Европа. 

– Не секоја храна која завршува на депониите местото ѝ е на тие места, има храна која може да се конзумира од нас луѓето, затоа сме решени да го „сопреме тој егзодус на храна“ кој е производ на нашето несоодветно однесување и постапување со истата. Затоа решивме да застанеме пред Депонијата ДРИСЛА во село Батинци и да ги проверуваме сите „намерници“ кои имаат намера да фрлат храна! Нашето мото е да ги храниме економиите, а не депониите, се вели во соопштението од организаторите на герила акцијата.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Култура

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Read more

Премиера на претставата Хеда Габлер в сабота во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Read more

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе