Македонија

Герила акција: Стоп за сечењето на дрвјата во градот!

10. ноември 2019 - 14:33 | А.С.

„Овие дрвја ќе бидат исечени за проширување на улицата со уште две ленти за автомобили“, вакви пораки осамнаа на листовите залепени на дрворедот по улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје.

Организаторите на оваа герила акција од иницијативата Ина Еден ги посочуваат телефонските броеви и контакт мејловите на надлежните институции на листовите залепени на дрвјата, повикувајќи ги граѓаните да им ги праќаат своите мислења за оваа одлука.

„По најавата на Град Скопје за проширување на улицата Даме Груев за уште 2 ленти за автомобили, под закана од сечење се 20-тина возрасни дрвја од еден од најубавите дрвореди во центарот на градот! Стоп за сечењето на дрвјата во градот!“, стои во објавата на Facebook на иницијативата Ина Еден.

Фото: Ивана Батев/МИА

Коментирај