Германците не се откажаа од возење автомобили и покрај билетите за јавен превоз од 9 евра

Билетот за јавен превоз од 9 евра, кој беше воведен во Германија со цел да се растовари сообраќајот и да се намалат негативните ефекти од поскапувањето на енергенсите, не ја постигна целта, беше објавено денеска врз основа на првите проценки на експертите.

„Билетот од 9 евра доведе до зголемено користење на јавниот превоз, што доведе до колапс на некои правци, но не го олесни значително патниот транспорт“, вели Кристијан Боетгер од Универзитетот за транспорт и технологија во Берлин (HTW).

Според истите информации, речиси незабележлив е бројот на оние кои се откажале од користење на сопствен автомобил поради субвенционираниот месечен билет. Истовремено, зголемен е бројот на патувања со јавен превоз што немаше да се реализираат без субвенциониран билет.

„Една четвртина од тие употреби на јавен превоз воопшто немаше да се случат доколку тие патувања не беа субвенционирани“, вели Боетгер. Истиот заклучок е донесен и со студија која е спроведена во поширокото градско подрачје на Минхен.

„Не ни очекувавме радикална промена во однесувањето на граѓаните“

Таму е констатирано дека 35 отсто од граѓаните користат јавен превоз повеќе од порано, но дека само три отсто се откажуваат од своите автомобили, што исто така укажува дека зголемениот број на патувања со јавен превоз се однесува на патувања кои немаше да се реализираат без месечниот билет од 9 евра.

„Не ни очекувавме некоја радикална промена во однесувањето на граѓаните кога станува збор за секојдневниот превоз“, изјави Клаус Богенбергер од Техничкиот универзитет во Минхен.

Во јуни германската влада како дел од пакетот мерки за ослободување на граѓаните од зголемената цена на енергијата воведе билет од 9 евра кој важи за сите средства за јавен превоз, вклучително и локалниот железнички превоз.

Со оглед на тоа што билетот важи во целиот јавен превоз во Германија, теоретски е можно да се патува низ целата земја со локални возови. Ова делумно, особено за време на викендите, предизвика колапс на железничкиот транспорт на линиите од поголемите градови до туристичките дестинации.

Германската влада се уште ја разгледува можноста за некаков облик на продолжување на субвенционирањето на билетот за јавен превоз. Министерот за финансии Кристијан Линднер (Либерално-демократска партија ФДП) сепак нагласи дека во буџетот нема средства за натамошни субвенции.

реклама

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе