Германија ќе дозволи вакцината на AstraZeneca против COVID-19 да се дава на луѓе од сите возрасти, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.
Со ова се поништи претходната одлука со која вакцината на AstraZeneca беше дозволена само на постари од 60 години.
Шпан исто така рече дека Германија планира до крајот на август да им понуди вакцина на деца на возраст од 12 до 18 години, под услов регулаторите да ја одобрат вакцината на Pfizer/BioNTech за таа возрасна група.