Германија купува нов препарат со антитела за лекување од COVID-19

Веќе неколку вакцини се произведоа против коронавирусот, но медикаменти за лекување на болните сѐ уште се малку. Германскиот министер за здравство Јенс Шпан закупил 200.000 дози од препарат, кој му помогнал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп при инфицирањето со COVID-19.

Германската Влада купи нов лек базиран на антитела, пишува Tagesschau.

– Од следната недела, Германија ќе стане првата земја во ЕУ, во која ќе се користи овој лек. Федералната Влада купи 200.000 дози за 400 милиони евра, што изнесува 2.000 евра за една доза, потврди Шпан.

Според информациите, со овој лек базиран на антитела, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се лекувал кога се заразил со коронавирус.

Антителата делуваат како пасивна вакцина. Инјектирањето на овие антитела може да помогне при спречување на тешки заболувања кај ризични пациенти во рана фаза. Весникот Tagesschau потсетува дека на почетокот на октомври, Трамп бил третиран со коктелот REGN-COV2 на американската компанија Regeneron.

Активната состојка на REGN-COV2 е комбинација од две специјално развиени антитела, кои се врзуваат со т.н. „заразен“ протеин на коронавирусот и на тој начин можат да ја деформираат неговата структура. На тој начин може да се спречи коронавирусот да ги нападне човечките клетки и да се развива. Според Regeneron, комбинацијата на две различни антитела треба да спречи мутација на вирусот Sars-COV2

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе