Германија планира двојно да го зголеми бројот на работни визи за работници од Западен Балкан

Германија планира двојно да го зголеми бројот на работни визи за луѓето од Западен Балкан, од сегашните 25.000 годишно на 50.000, јави денеска Deutsche Welle (DW).

Во оваа насока германските синдикати предупредуваат дека странските работници може да бидат злоупотребени како евтина работна сила на своја штета, но и на штета на другите работници.

Членката на Управниот одбор на Конфедерацијата на германските синдикати (ДГБ), Евелин Редер, предупреди дека работниците мигранти во голема мера зависат од работодавецот за кој работат, бидејќи нивното работно место е поврзано со нивната дозвола за престој, што предизвикува страв дека ќе бидат вратени назад доколку се непослушни.

-Освен тоа, работниците мигранти често пати не зборуваат германски јазик и не се информирани за своите права, па се согласуваат со услови за работа кои се полоши од пропишаните со закон, кажа Редер.

Според неа, вработувањето на странски работници треба да се дозволи само во компании што имаат колективен договор.

Поради постојаниот недостаток на работна сила во земјата, германската Влада планира да ја либерализира легислативата за трудовата миграција, а дел од тој пакет е таканаречното Западнобалканско правило за кое треба да се расправа на 1 март.

Правилото предвидува две важни измени: од една страна треба да се укине ограничувањето на важноста на оваа мерка до крајот на 2023 година, односно тоа во иднина да стане трајно. И од друга страна, квотата за трудови мигранти од Западен Балкан се очекува да се удвои - од сегашните 25.000 годишно на 50.000.

Западноблканското правило беше воведено по големиот бегалски бран во 2015 и 2016 година, а целта беше да се решат два проблема: спречување на неконтролираното доаѓање на барателите на азил и ублажување на недостигот на работна сила.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Регион

Поскапе патарината во Србија

Read more

Бања Лука утрово ја потресе земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер

Read more

Радев го критикува бришењето на бугарскиот клуб во Битола

Read more

Само 169 Бугари од Македонија пријавени да гласаат на изборите во Бугарија на 2 април

Read more
 

Вести

Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

Читај повеќе

Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот

Читај повеќе

Поскапе патарината во Србија

Читај повеќе

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Читај повеќе

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права во Стразбур

Читај повеќе

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Читај повеќе

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена за скенирање до 2.100 денари

Читај повеќе

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Читај повеќе