Германија сама одлучи за кои земји ги отвора границите без корона тест

Германските пратеници денеска донесоа одлука на кои земји ќе им ги отворат границите за влез без какви било рестрикции.

Според овој список, само за граѓаните на осум земји е дозволено да ги преминат германските граници без негативен тест за коронавирус или задолжителна самоизолација.

Од утре, 2 јули, Германија ги отвора границите без рестрикции за Австралија, Грузија, Канада, Нов Зеланд, Тајланд, Тунис, Уругвај и Црна Гора.

Листата ќе се ажурира редовно, а се нагласува дека за влез во Германија ќе биде важно и каде претходно престојувало или патувало лицето, а не само неговото државјанство.

Патувања во Германија се можни и од земји кои не се наведени на списокот, но под одредени услови – негативен ПЦР тест или задолжителен карантин.

Црна Гора е единствена земја од регионот за која Германија ги отвора своите граници.

ЕУ вчера ја објави „белата листа“ на земји надвор од Унијата кои смеат да влезат во земјите-членки, но секоја земја-членка може да донесе сама одлука за кои земји ќе ги отвори своите граници, а Германија веднаш го искористи тоа право.

Сите информации за услови за влез во Германија може да најдете на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе