УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2024/2025

Германија, Шпанија, Португалија и Франција изборија фајнлфор во Лигата на нации

Репрезентациите на Германија, Шпанија, Португалија и Франција се пласираа на фајнлфор турнирот од Лигата на нации и останаа во игра за трофејот, а синоќа видовме вистински спектакл на овие натпревари меѓу најголемите европски селекции.

Германија се пласираше во полуфиналето преку Италија, со која синоќа ремизираше 3:3 во феноменалната европска фудбалска класика во Дортмунд.

„Ди Елф“ ги нокаутираше „Аѕурите“ во првото полувреме, за само 15 минути, од 30-та до 45. минута Кимих, Мусиала и Клајндинст погодија во мрежата на Џиџи Донарума за големи 3:0 за Германците.

Сепак, Италијанците се вратија во преостанатиот дел од натпреварот со двата гола на Кин во 49-тата и 70. минута, кога намалија на 3:2 и станаа од мртвите, а Распадори погоди од пенал во 90+5 за комплетирање на нивниот кам-бек и конечни 3:3.

Сепак, Германија се пласираше поради победата од 2:1 во првиот натпревар во Милано.

Португалија по продолженијата ја победи Данска со 5:2 и се пласираше во полуфиналето, но дополнителни 30 минути игра се пласираше и репрезентацијата.

Португалија синоќа во регуларните 90 минути успеа да ја надополни негативата од 1:0 од мечот во Копенхаген, победувајќи со 3:2 по вистинска драма. Португалците поведоа со автоголот на Андерсен во првото полувреме, но Данците се вратија со голот на Кристенсен.

Следуваше голот на Роналдо во 72. минута, но набрзо Ериксен израмни на 2:2, а Тринкау погоди на четири минути пред истекот на времето, со што се замина во продолженија.

Тринкау погоди и во првата минута од продолжението за 4:2, а конечниот резултат од 5:2 го постави Рамуш во 115-тата минута.

Продолженија имаше и на мечот во Валенсија меѓу Шпанија и Холандија. По оние 2:2 од првиот меч, и тука 90-те минути завршија идентично.

Се чинеше дека херој на Шпанија ќе биде Ламин Јамал, кој во продолжението донесе водство од 3:2, но „Оранје“ имаа подготвен одговор и израмнија на 3:3 преку Симонс од пенал во 109. минута.

Следуваше пенал рулетот, а Шпанците беа подобри во лотаријата. Промашените пенали на Ланг и Мален беа клучни за Холанѓаните. Јамал промаши за „Фуријата“, но тоа не ги чинеше Шпанците.

Драма имаше и во Париз каде Франција го анулираше водството од 2:0 на Хрватска од првиот дуел благодарение на головите на Олизе и Дембеле. Во продлжението од двапати по 15 минути немаше голови, па и овој меч замина во пенал-рулет.

Батурина уште во првата серија промаши за Хрватска, следуваше утка и на Ивановиќ, но потоа и Французите двапати промашија преку Кунде и Тео Ернандес. На крајот Мењон го одбрани ударот на Станишиќ за конечна победа на „Ле Блу“.

Португалија во полуфиналето ќе игра против Германија, а Шпанија со Франција.

Резултати:

Германија - Италија 3:3 (вк. 5:4)
30' (п) Јосуа Кимих, 36' Џамал Мусиала, 45' Тим Клајндинст - 49', 70' Мојс Кин, 90'+5 (п) Џакомо Распадори

Португалија - Данска 5:2 (вк. 5:3)
38' (аг) Јоахим Андерсен, 72' Кристијано Роналдо, 86', 91' Франсишку Тринкау, 115' Гонсалу Рамуш - 56' Расмус Кристенсен, 76' Кристијан Ериксен

Шпанија - Холандија 3:3 (вк. 6:6); 4:2 пен.
8' (п), 67' Микел Ојарсабал, 103' Ламин Јамал - 54' (п) Мемфис Депај, 79' Иан Маатсен, 109' (п) Чави Симонс

Франција - Хрватска 2:0 (вк. 2:2); 6:4 пен.
52' Микаел Олизе, 80' Усман Дембеле

реклама

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Read more

Фудбал

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Read more

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Read more

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Read more

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Read more
 

Спорт

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Читај повеќе

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе

Чави откри кој ставил вето на враќањето на Меси во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ постигна 35 поени во победата на Лејкерс, Букер блескаше во триумфот на Санс

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовна тепачка во бразилското финале: Судијата подели 23 црвени картони

Читај повеќе

Зошто Бекам не отиде со Интер Мајами кај Трамп?

Читај повеќе
  • play_arrow

Арда Ѓулер одби да се поздрави со тренерот на Реал откако го замени

Читај повеќе