Во Балтичкото Море

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Германија заплени руски танкер што испорачуваше нафта низ светот и покрај санкциите.

Според Spiegel, минатиот петок, цариниците го заплениле танкерот Eventin под панамско знаме, кој од средината на јануари бил закотвен кај брегот на Руген. Eventin превезувал околу 100.000 тони сирова нафта, вредна 40 милиони евра.

Танкерот патувал од руското пристаниште Уст-Луга преку Балтичкото Море, со пат кон Египет, а во средината на јануари бил забележан како „неконтролирано“ лебди северно од Руген.

Поради непосредна опасност од излевање на нафта, танкерот бил одвлечен во водите кај Засниц, каде што дење и ноќе бил надгледуван од крајбрежната стража и федералната полиција.

Од крајот на февруари овој брод се наоѓа на листата на ЕУ како дел од руската „флота во сенка“.

И покрај санкциите, Москва продолжува да продава нафта вредна милијарди долари ширум светот со цела армада танкери, главно стари бродови кои не пловат под руско знаме. Откако Eventin се најде на листата, германската влада одлучи да го заплени бродот наместо да го ослободи.

Се верува дека невообичаено грубиот пристап на Германија има за цел да испрати сигнал до Русија дека нема да стои со скрстени раце додека руската нафта минува низ Балтичкото Море.

Властите сега планираат како и каде безбедно да ја испумпуваат сировата нафта од резервоарите на Евентино и што треба да се случи со бродот. Покраинската влада на Мекленбург-Западна Померанија би сакала наскоро да се ослободи од танкерот, бидејќи се загрижени за негативното влијание врз животната средина и туризмот.

Министерството за финансии, кое е надлежно за царината, одби да го коментира ова прашање поради „тековните царински мерки и моменталната безбедносна состојба“.

Тагови
реклама

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Свет

ЕУ: Ако не постигнеме договор со Америка за царините, ќе одговориме со контрамерки

Read more

Трамп го нападна Зеленски за неговите изјави за Крим: Заврши ја работата, ќе ја изгубиш целата земја

Read more

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Read more

Свириденко: Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање

Read more
 

Вести

ЕУ: Ако не постигнеме договор со Америка за царините, ќе одговориме со контрамерки

Читај повеќе

Трамп го нападна Зеленски за неговите изјави за Крим: Заврши ја работата, ќе ја изгубиш целата земја

Читај повеќе

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Читај повеќе

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Читај повеќе

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Читај повеќе

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Читај повеќе

Свириденко: Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање

Читај повеќе

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Читај повеќе

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65-то Охридско лето

Читај повеќе