Германските воздухопловни сили изведоа голема воена вежба на Алјаска, при што за прв пат го користеа американскиот артилериски систем HIMARS, соопшти денеска нивниот портпарол.
Операцијата со користење на HIMARSбеше дел од воената вежба „Арктички бранител“. HIMARSе мобилен артилериски систем кој се прослави во украинската одбрана од руската инвазија.
Германската влада најави дека за Украина ќе финансира уште три системи на американскиот производител Lockheed Martin. Бундесверот, германската војска, моментално го има системот MARS, но тие немаат високомобилен систем како HIMARS.
„Арктички бранител“ е вежба на воздухопловните сили предводена од Германија. Тој симулира сценарио за колективна одбрана според членот 5 на НАТО, кој ги обврзува сите членки да го сметаат нападот врз една од нив како напад врз целата алијанса.