Ги менувате сами гумите на возилото? Ова се петте најчести грешки

Со промената на годишните сезони законска обврска е и да ги промените соодветните гуми на вашето возило. Повеќето тоа го прават во сервиси за промена, но некои возачи сакаат тоа да го прават и сами дома.

Но, малку од возачите имаат соодветен специфичен алат и опрема за монтажа и демонтажа. Иако законски е легитимно, сепак би требало да обрнеме внимание на најчестите грешки при промената во сопствена режија.

Ова се петте најчести грешки:

За монтирање на тркалата на возилото потребен е момент клуч

При монтирање, навртките мораат да се затегнат до одреден вртежен момент. Доколку ги затегнете премногу, постои можност навојот или матицата на тркалото да се скрши. Од друга страна, доколку се премногу лабави, тркалата може да испаднат при возење. Затоа, секогаш треба да се користи момент клуч, а соодветниот момент на затегнување го пишува во прирачникот за возилото.

Некои го употребуваат клучот за тркала кој се наоѓа во нивниот багажник како сериска опрема, а некои го имаат популарниот насаден клуч, но ова е само привремено решение наменето за замена на резервно тркало и возење до најблискиот сервис.

Неправилно поставување на дигалката

Многу возачи не знаат дека постојат одредени точки на нивното возило на кои може да се прицврсти дигалката, а каде се тие зависи од возилото. Затоа, проверете го прирачникот за возилото. Често пати се означени со втиснат триаголник или круг. Обрнете внимание и на површината на која ја поставувате дигалката., која би требало да е цврста, мазна, рамна и никако лизгава. Сите песок, чакал, нечистотии, кал, земја или тревни површини не смеат да се користат и се опасни.

Сте заборавиле визуелно да ги прегледате гумите и бандажите пред монтирање

При менување на гумите не е потребно да се провери само длабочината на шарата (идеално е најмалку 2mm за летни и 4mm за зимски гуми), туку и визуелно да се проверат и да се утврди дали има механички оштетувања. Исто така е важно и да се утврди дали гумата се троши нерамномерно, дали изгледа порозна или испукана. Нерамномерното трошење сугерира дека возилото има проблем со геометријата или се возат на премногу висок или низок притисок.

Возите со погрешен притисок на воздух во гумите

Многу возачи го потценуваат влијанието на притисокот на воздухот во гумите, а тоа брзо доведува до неправилно однесување на гумите и нејзино забрзано трошење доколку притисокот е пренизок или превисок.

Не обрнувате внимание на насоката на ротацијата на гумите

Вообичаено, насоката на ротација се означува со стрелка и натпис “Direction”, “Outside” или “ Rotation” на страничниот дел на самите гуми. Покрај ова, профилот е секогаш дизајниран водата под нагазната површина оптимално да се истиснува. Доколку гумата е поставена со погрешна ротација, нема да има добар „грип” на патот, што доведува до зголемено трошење и помал пренос на силата на патот, а и зголемена бучава.

реклама

Од 10 септември ќе им се промени животот на 4 хороскопски знаци

Read more

Салма Хајек откри како е да се работи со Анџелина Џоли

Read more

Фитнес тренер ги откри најдобрите извори на протеини за слабеење

Read more

Додатоци во исхраната што треба да ги земате ако имате над 50 години

Read more

Авто новости

Hennessey Venom F5-M е најмоќниот автомобил во светот со рачен менувач

Read more

BMW M5 е новиот safety car во MotoGP шампионатот

Read more

Во кои брендови најмногу веруваат возачите кога купуваат половен автомобил?

Read more

Норвежаните се светски рекордери во купување електрични автомобили

Read more
 

Автомобили

  • filter

Hennessey Venom F5-M е најмоќниот автомобил во светот со рачен менувач

Читај повеќе
  • filter

BMW M5 е новиот safety car во MotoGP шампионатот

Читај повеќе

Во кои брендови најмногу веруваат возачите кога купуваат половен автомобил?

Читај повеќе

Норвежаните се светски рекордери во купување електрични автомобили

Читај повеќе

Топ 10 најдобри земји за возачи

Читај повеќе

Младиот кинески бренд Kaiyi ќе извезува автомобили и во Европа, SUV X7 iHD има багателна цена во Кина

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новиот VW Passat Pro има 220 КС и дури три екрани

Читај повеќе

Renault го претстави новиот R17 Restomod, електричен концепт инспириран од 70-тите

Читај повеќе

Како Кина преку ноќ им создаде главоболки на автомобилските гиганти?

Читај повеќе