Ги реши голманот, не со одбрани туку со гол од слободен
Неговиот тим губеше 1:0 сѐ до 89-тата минута кога на сцена стапи голманот Стефан Хагеруп израмнувајќи со прекрасен гол од слободен удар.
Се работи за гол од минатиов викенд постигнат во норвешката втора лига. Во Осло тимот на Шејд го пречека Улесакер/Киса за кој брани Стефан Хагеруп. Откако губеа со 1:0, на минута пред крајот токму голманот изведе одличен слободен удар израмнувајќи на 1:1, а потоа во судиското надполнување неговиот тим постигна и победнички гол.
За 25-годишниот Хагеруп ова е прв гол во кариерата, барем на официјални натпревари, а со оглед на тоа како го постигна и во иднина очекуваме слични голови од него.