Британија забранува извоз на гејминг контролери во Русија, се користеле за убивање луѓе

Обединетото Кралство сака да ги ослабне руските сили со нов пакет санкции, а контролерите за игрици се меѓу производите забранети за извоз.

Повеќе од три години откако Русија ја нападна Украина, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска се приклучи на Европската Унија во нова рунда санкции насочени кон извозот на технологија. Најновите мерки вклучуваат ограничувања на извозот на гејминг контролери и друга потрошувачка електроника, а британските власти велат дека тие имаат за цел да ги ослабат воените капацитети на Русија.

Иако Пентагон сега користи специјално дизајнирани контролери за управување со своите системи, Русија сè уште се потпира на комерцијални гејминг контролери произведени на Запад. Британските власти сега сакаат да го блокираат извозот на овие уреди, откако извештаите покажаа дека руските сили ги адаптирале контролерите за управување со беспилотни летала во нападите врз Украина.

Забраната за контролори е дел од пакет од 150 нови трговски санкции воведени од Обединетото Кралство, во согласност со претходната стратегија на Европската Унија. Министерот за надворешни работи, Стивен Даути, изјави дека Русија предолго го злоупотребувала британскиот пазар купувајќи навидум безопасни гејминг производи и претворајќи ги во воени алатки.

„Гејминг конзолите повеќе нема да се користат за убивање луѓе во Украина“, рече Даути.

Официјални лица во Лондон велат дека новите мерки имаат за цел дополнително да ги спречат обидите на Русија да ги заобиколи трговските ограничувања и да набави опрема за својата војска. Даути потврди дека контролорите се дел од поширок пакет забрани за извоз, дизајнирани да ги ослабат вооружените сили на Русија.

Меѓу забранетите производи е и софтвер за идентификување на нови извори на гориво како што се нафтата и гасот. Санкциите, исто така, опфаќаат извоз на хемикалии, електроника, метали, машини и софтверски алатки поврзани со енергетскиот и одбранбениот сектор. Даути истакна дека овие технологии би можеле да придонесат за производство на оружје во Русија.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Гејминг

Rockstar Games ги забранува мисиите во GTA Online поврзани со атентатот на Чарли Кирк

Read more

FlipPad е мобилен контролер дизајниран за гејмери

Read more

Две игри достапни бесплатно до 8 јануари

Read more

Две игри од серијата Tomb Raider доаѓаат на PlayStation 5 во 2026 и 2027 година

Read more
 

Гик

Како да го спречите Google да ве следи?

Читај повеќе

Apple со важно предупредување за сите корисници на iPhone

Читај повеќе

Првата офшор ветротурбина од 20 MW инсталирана во Кина, ќе напојува 40.000 домови

Читај повеќе

Rockstar Games ги забранува мисиите во GTA Online поврзани со атентатот на Чарли Кирк

Читај повеќе

iPhone 17e носи важни подобрувања: Што знаеме за најевтиниот модел?

Читај повеќе

Маск им прати бесплатен интернет на Иранците преку Starlink

Читај повеќе

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Читај повеќе

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Читај повеќе

Расте пазарот на телефони: Кои брендови доминираат во Топ 3?

Читај повеќе