Најновите гласини сугерираат дека долгоочекуваната нова игрица на Valve во франшизата Half-Life е во фаза на „играње од почеток до крај“ и би можела да биде објавена во текот на летото, по што ќе следи лансирање во зимскиот период.

Шпекулациите доаѓаат од Тајлер МекВикер, кој е познат по откривањето информации поврзани со Valve. Тој за време на пренос во живо рече дека игрицата моментално може да се игра од почеток до крај и е на добар пат да биде објавена и лансирана на пазарот оваа година.
Освен неговите тврдења, постојат и други навестувања за напредокот на Valve во развојот на долгоочекуваниот наслов. Во март, концепт-артистот на Valve, Евгениј Евстратиј, изјави дека бил во просторијата каде што се развивала Half-Life 3. Во текот на истиот месец, протекувачот Гејб Фолоуер рече дека Half-Life 3 ќе претставува „крај на авантурата на Гордон“, потенцијално сигнализирајќи го крајот на една од најдобрите франшизи во гејмингот. Покрај овие гласини, „интернет детективите“ го открија кодот HLX во ажурирањата за Deadlock и Dota 2, што веројатно е кодното име за Half-Life 3.
Овие гласини се сè уште непотврдени, но се ветувачки знаци дека Half-Life 3 доаѓа. МекВикер изјави за време на преносот во живо дека проектот HLX нема да биде уште една игрица за виртуелна реалност како Half-Life: Alyx.
Half-Life 2 неодамна ја прослави својата 20-годишнина, но и покрај тоа, нема официјална потврда за ново продолжение на игрицата.