Nintendo без милост кон пиратеријата

Nintendo продолжува да презема драконски мерки во борбата против пиратеријата.

Nintendo започна нова фаза од војната против пиратеријата - како никогаш досега. Според новите правила на корисничкиот договор, јапонската компанија си дава право да ја „блокира“ вашата Switch конзола, делумно или целосно, ако пронајде пиратска содржина или неовластени модификации.

Иако Nintendo не ја објави гласно оваа промена, новинарот Стивен Тотило од веб-страницата Game File внимателно ги прочита промените во договорот и откри што всушност се крие зад овие тивко воведени ставки.

Според тие промени, Nintendo им забранува на корисниците да „ги заобиколуваат, модифицираат, дешифрираат, оневозможуваат, менуваат или на кој било начин ги заобиколуваат функциите или заштитата на профилите и услугите на Nintendo“.

Претходната верзија на корисничкиот договор забрануваше само „прилагодување, модифицирање или обратно инженерство на корисничкиот профил“, но новиот документ наведува сè што корисникот не може да прави со својата Switch конзола.

Ако ги прекршите новите правила, Nintendo може да ја „блокира“ вашата конзола, односно да ја направи „трајно неупотреблива - целосно или делумно“. Со други зборови, ако сте ја чипирале вашата конзола, имате емулатор или сте пиратирале копии од игри - и Nintendo ве открие - вашиот Switch лесно може да стане многу скапа „цигла“.

Иако драконски, овој потег не е изненадувачки со оглед на тоа колку Nintendo е строг во врска со пиратеријата и емулаторите. Во март 2024 година, компанијата поднесе тужба против популарниот емулатор Yuzu, тврдејќи дека неговите автори директно ја поддржуваат пиратеријата. Неколку месеци подоцна, емулаторот Ryujinx беше исклучен откако Nintendo се спогоди надвор од судот со тимот што го разви.

Ажурирањето на договорот за користење пристигнува непосредно пред најавеното лансирање на конзолата Switch 2, закажано за 5 јуни.

Тагови
реклама

Гејминг

Гејмерите сега можат да стримуваат PS5 игрици преку cloud на PlayStation Portal

Read more

Бесплатниот режим Battle Royale за Battlefield 6 пристигнува денес

Read more

Fortnite и оваа година го носи Fortnitemares со најпопуларните хорор скинови

Read more

Sony навести кога ќе пристигне PlayStation 6, гејмерите нема да бидат среќни

Read more
 

Гик

  • filter

Ултратенкиот Motorola Edge 70 е достоен ривал на iPhone Air

Читај повеќе

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Читај повеќе
  • play_arrow

Google го интегрираше Gemini во Google Maps

Читај повеќе
  • filter

Ханле е село каде што ѕвездите се на дофат

Читај повеќе

Запознајте ја планетата TOI-1452 b - бесконечен океански свет

Читај повеќе
  • filter

Новата железничка рута воодушевува: 1.400 километри низ најубавите предели во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Toyota претстави „столица што оди“ на саемот во Токио

Читај повеќе

Гејмерите сега можат да стримуваат PS5 игрици преку cloud на PlayStation Portal

Читај повеќе
  • play_arrow

Avenga Academy со стручност и посветеност ги издигнува своите студенти

Читај повеќе