Создавачот на иконската игрица Call of Duty загина во сообраќајка во Лос Анџелес

Винс Зампела (55), раководител и коосновач на Apex Legends и извршен директор на EA Studios, загина во сообраќајна несреќа, објавија американските медиуми.

Шефот на компанијата за развој на видео игри Respawn Entertainment и коосновач на Infinity Ward загина во сообраќајна несреќа во Калифорнија на автопатот „Angeles Crest“

Според извештајот на Калифорниската сообраќајна полиција (CHP), несреќата се случила околу 12:45 часот. Зампела возел Ferrari 296 GTS и веднаш по излегувањето од тунелот на кривулестиот планински пат, возилото скршнало од патот и удрило во бетонска ограда. Поради силата на ударот, совозачот бил исфрлен од автомобилот, а Зампела бил заробен во возилото, кое потоа се запалило.

За жал, Зампела починал на местото на несреќата. Совозачот, чиј идентитет сè уште не е објавен, починал од повредите во болница. Сведок им доставил на властите видеоснимки од несреќата, но точните околности што довеле до губење на контролата врз возилото сè уште се истражуваат. Спортскиот автомобил беше напојуван од хибриден V6-мотор, кој произведува повеќе од 819 коњски сили.

Remote video URL

Зампела во Infinity Ward го водеше создавањето на најпродаваната серија видео игри Call of Duty и беше вклучен во неколку омилени франшизи за игрици, од Medal of Honor до Titanfall. Игрицата Call of Duty е продадена во повеќе од 500 милиони примероци.

Речиси 30-годишната кариера на Зампела во индустријата за видео игри вклучуваше основање на Infinity Ward во 2003 година, каде што го надгледуваше создавањето и експлозивниот раст на франшизата Call of Duty; и основање на Respawn Entertainment, производител на Apex Legends и сериите Titanfall и Star Wars Jedi.

Зампела ја презеде франшизата Battlefield од Electronic Arts во 2021 година, одлука што резултираше со тоа што DICE и Battlefield Studios ја лансираа најголемата игрица во серијата досега, Battlefield 6, оваа година.

Пред да работи на Call of Duty и франшизата Titanfall, Зампела работеше во 2015 Inc., којаза EA го разви Medal of Honor: Allied Assault.

Remote video URL
Тагови
реклама

Мурињо шокираше: Требало да го наследи Фергусон, па му се јавил во солзи и сè пропаднало

Read more

СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за 35 години независност

Read more

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија, покажа холандска анализа

Read more

Гејминг

Quake слави 30-годишнина со ново бесплатно проширување

Read more

Gallipoli, нова игрица со тематика од Првата светска војна, излегува во август

Read more

Крај: Nintendo Switch заминува од Европа

Read more

Од 2028 година Sony ќе престане да произведува игрици на дискови за PlayStation

Read more

Гик

  • play_arrow

Ask Maps во Google Maps сега може да нарача храна за корисникот, ги помни претходните разговори

Читај повеќе
  • play_arrow

Quake слави 30-годишнина со ново бесплатно проширување

Читај повеќе

Откриен живот во целосниот мрак под Антарктикот

Читај повеќе

Месечината Европа можеби содржи знаци на живот во скриен океан, научниците бараат потврда

Читај повеќе

Август носи магија на небото: Подгответе ја вашата листа на желби за ѕвездите што паѓаат

Читај повеќе

ChatGPT и Roblox ќе бидат предмет на построги правила во Европската Унија

Читај повеќе

ChatGPT сега ги одбива барањата на корисниците да пишува во стилот на познати автори

Читај повеќе

Рускиот истражувачки центар објави кој исполнува услови за вакцина против рак на кожа

Читај повеќе

YouTube воведува нови алатки што го олеснуваат креирањето thumbnails

Читај повеќе