Realme лансираше телефон за најстрасните фанови на Game of Thrones

Realme 15 Pro Game of Thrones Limited Edition пристигнува во кутија во облик на ковчег со змејски јајца.

Realme лансираше специјално издание на својот телефон гealme 15 Pro инспириран од серијата Game of Thrones, кое ќе ги воодушеви сите фанови на популарниот хит на HBO.

Задниот дел од телефонот гealme 15 Pro Game of Thrones Limited Edition е направен од црна кожа која станува црвена на температури над 44°C. Има релјефен грб на куќата Таргарјен, додека други симболи од серијата се гравирани на редизајнираниот правоаголен модул на камерата. Околу објективот се наоѓаат златни прстени со натписи „Winter is Coming“ и „Hear Me Roar“, а централниот дел од модулот е украсен со логото на Game of Thrones во златна рамка со натпис „Fire and Blood“ и детали во форма на змејски канџи.

Футролата има златна рамка и дебелина од 7,84 мм. Сепак, она што го прави ова издание посебно не е само дизајнот, туку и целото искуство со отпакувањето. Кутијата во која доаѓа телефонот е инспирирана од сандак со змејски јајца, а содржи и ексклузивни колекционерски додатоци: држач за телефон во форма на Железниот престол, алатка за SIM картичка во форма на брош „Hand of the King“, пергамент што под светлина открива скриен текст, како и сет разгледници и налепници со мотиви од серијата.

Пакетот вклучува и полнач од 80 W, а софтверот носи специјални теми и икони инспирирани од Game of Thrones универзумот. Realme додаде и функција за вештачка интелигенција наречена Edit Genie, која им овозможува на корисниците да креираат слики во средновековен стил.

Што се однесува до спецификациите, телефонот е идентичен со стандардниот модел гealme 15 Pro: батерија од 7.000 mA⋅h, чипсет Snapdragon 7 Gen 4, главна камера од 50 MP и 6,8-инчен Full HD+ AMOLED дисплеј со брзина на освежување од 144 Hz.

Само 5.000 примероци од телефонот гealme 15 Pro Game of Thrones Limited Edition беа произведени за глобалниот пазар, а цената на уредот е околу 440 евра.

Remote video URL
Тагови
реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Мобилни

Кои се најпродаваните телефони во првиот квартал од 2026 година?

Read more

Серијата iPhone 17 е најпопуларна во историјата: Ни моделот што никој не го сака не го сруши просекот

Read more

20 години iPhone: Каква револуција подговува Apple?

Read more

Како правилно да ги исчистите отворите на телефонот: 2 грешки и скапо ќе платите на сервис

Read more
 

Гик

Нема веќе енкрипција во пораките на Instagram: Одете на WhatsApp

Читај повеќе

Неандерталците користеле заби од носорог како чекани за да изработуваат камени алатки

Читај повеќе

Бришете ги веднаш: Android апликации кои „вријат“ од вируси

Читај повеќе

Тинејџерка измислила филтер кој отстранува 96% од микропластиката од водата за пиење

Читај повеќе

Дали Google тајно ви има инсталирано фајл од 4GB на вашиот компјутер?

Читај повеќе

Кинезите направија роботски мајстор кој ќе користи алати на Месечината

Читај повеќе

Apple се свртува кон Samsung?

Читај повеќе

Војна на ѕвездите 2026: Што значат руските сателити над нашите глави?

Читај повеќе

Вештачката интелигенција почна да го копира својот код без човечка дозвола

Читај повеќе