Инсајдерите „шепотат“ дека Samsung планира големо освежување за јануари, кога покрај моделите Galaxy S27, Galaxy S27+ и Galaxy S27 Ultra, треба да го претстави и сосема новиот Galaxy S27 Pro.
Според извештаите, Pro верзијата всушност ќе биде „помал Ultra“, но без S Pen. Телефонот треба да има екран од 6,47 инчи, како и главна и ултраширока камера идентична со онаа на моделот Ultra (додека телефото камерата ќе биде различна).
Ако се прашувавте што можете да очекувате од капацитетот на батеријата, логично беше да претпоставите дека ќе биде помала отколку на Ultra поради неговите покомпактни димензии, објавува GSM Arena.
Сепак, отфрлањето на S Pen ослободи сериозен простор во куќиштето. Според нова гласина што доаѓа од сигурен извор од мрежата X, Galaxy S27 Pro ќе има батерија со капацитет од 5.000 mAh.
Иако ова е доста скромно според денешните стандарди на кинеските паметни телефони, ова е фантастична вест за Samsung - сегашниот Galaxy S26 Ultra има ист капацитет, а според сите извештаи, и неговиот наследник ќе го има.