Додека Apple наздравува за уште еден квартал со рекордна добивка, прашина се крена од изјавата на финансискиот директор Кеван Парех.
Apple затвори уште еден квартал со рекордна добивка, но заедно со тоа дојде и изненадувачко тврдење - серијата iPhone 17 е најпопуларна во историјата на компанијата.
Финансискиот директор на Apple, Кеван Парех, изјави за Financial Times дека тековната серија веќе станала најпопуларна досега.
Сепак, Парех не прецизираше кои фактори компанијата ги зела предвид за да ја прогласи серијата iPhone 17 за рекордна.
Единствената информација што ја понуди Парех е дека компанијата го зголемила својот пазарен удел во последниот квартал и дека во моментов е пред конкуренцијата.
Многу се пипува во медиумите за успехот на телефоните iPhone 17, 17 Pro и 17 Pro Max. Сепак, според сите достапни информации - ултратенкиот iPhone Air не бил толку добро прифатен од клиентите.