Типстер откри како ќе изгледа Xiaomi 16

Возбудата околу серијата телефони Xiaomi 15 сè уште не е стивната, а ние веќе го добивме нашиот прв поглед на дизајнот на моделот Xiaomi 16.

CAD рендерите доаѓаат од MajinBu, типстер кој се покажа како многу сигурен во информациите што ги објавува во последните години.

Објавените рендери покажуваат дека Xiaomi 16 ќе задржи рамни површини на предната и задната страна, а рабовите на страните ќе бидат малку закривени за подобра ергономија.

На задната страна се наоѓа познатиот квадратен остров на камерата, за кој се тврди дека складира три модули од 50 MP, вклучувајќи перископска камера за висококвалитетни зумирани фотографии.

Сепак, детаљот што се издвојува и по кој Xiaomi 16 ќе биде препознатлив е квадратната, стаклена површина под системот на камерата, која, претпоставуваме, ќе се користи за безжично полнење ако остатокот од куќиштето е направен од метал. Или можеби станува збор само за интересен детаљ што е тука за да ја разбие монотонијата и да го направи новиот модел препознатлив.

Како што тврди MajinBu, Xiaomi 16 ќе биде компактен уред чија дијагонала на екранот ќе се мери помеѓу 6,32 и 6,36 инчи, а под површината на куќиштето ќе се наоѓа моќниот чипсет Snapdragon 8 Elite 2 од Qualcomm.

И покрај покомпактните димензии, се тврди дека батеријата ќе има импресивен капацитет од дури 6.800 mAh, а она што е речиси сигурно е дека телефонот ќе работи на HyperOS 3.0, базиран на оперативниот систем Android 16.

Бидејќи Qualcomm ќе го претстави Snapdragon 8 Gen 2 во септември 2025 година, се очекува Xiaomi 16 да биде лансиран истиот месец во Кина, а глобалната премиера да се одржи на саемот MWC 26 во Барселона.

Тагови
реклама

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Мобилни

Прв поглед на Xiaomi 17 серијата нови мобилни телефони

Read more

Xiaomi ја претставува серијата Xiaomi 17 и Leica Leitz Phone, серијата Xiaomi Pad 8 и нови AIoT уреди за носење

Read more

Samsung го предводи европскиот пазар на смартфони, Apple и Honor растат најбрзо во топ 5

Read more

iPhone 17e ќе чини исто колку и 16e

Read more
 

Гик

Зошто не можеме да ги чуеме вонземјаните? 

Читај повеќе

Sony ги налути гејмерите: Што е со цените?

Читај повеќе

Бил Гејтс доби дозвола за револуционерен нуклеарен реактор

Читај повеќе

Суперкомпјутер разби голема заблуда за Сонцето: Не се однесува како што верувавме со децении

Читај повеќе

Nvidia речиси целосно го контролира пазарот на графички картички

Читај повеќе

Apple револуција: iPhone веќе никогаш нема да биде ист

Читај повеќе

YouTube повторно го тестира трпението на корисниците

Читај повеќе

Соларен панел кој работи дури и кога врне: Секоја капка произведува струја

Читај повеќе

Лоши вести за гејмерите: Sony ја менува стратегијата за PC

Читај повеќе