Минхен, 24 септември 2025 – Xiaomi денес на глобален настан во Минхен ја претстави својата најнова флегшип серија – Xiaomi 15T, која вклучува два модели: Xiaomi 15T и Xiaomi 15T Pro.
Оваа премиера означува храбар чекор напред во еволуцијата на серијата T“, рефрлајќи го фокусот од врвна фотографија и технологија наменета за трендсетери кон целосно напредна мобилна технологија, со рафиниран дизајн и унапредени фотографски можности. Кајгана присуствуваше на претставувањето и од Минхен од прва рака ви ги носиме сите новитети.
Импресивна оптика за следно ниво фотографија
Создадена за унапреден квалитет на фотографиите, серијата Xiaomi 15T е опремена со напреден троен систем на камери ко-развиен со Leica, дизајниран да испорача импресивнни резултати во разни сценарија.
- Xiaomi 15T: главна + ултра-широка + телефото камера
- Xiaomi 15T Pro: главна + ултра-широка + Leica 5x Pro телефото камера
За разновидни композииции, двата модели нудат разновидни фокусни растојанија:
- Xiaomi 15T Pro: од 15mm до 230mm
- Xiaomi 15T: од 15mm до 92mm
Главната камера е 50MP со Leica Summilux леќа – f/1.7 (15T) и f/1.62 (15T Pro). 15T Pro располага со Light Fusion 900 сензор со 13.5 EV динамички опсег за повисока јасност и тонална прецизност.
За портрети, Master Portrait носи нови bokeh ефекти (како Wide и Bubbles), со можност за рачно прилагодување на блендата и фокусот. Има и Leica street mode за брзо фотографирање директно од заклучен екран.
Видеографија:
- Двата модели: 4K 30fps HDR10+ снимање со сите леќи
- Xiaomi 15T Pro: 4K 120fps, 4K 60fps 10-bit Log со LUT поддршка за пост-продукција
Поврзување од иднината комбинирано со целосно нов оперативен систем
Xiaomi 15T серијата претставува скок во мобилната конективност, редефинирајќи како корисниците остануваат поврзани во различни опкружувања. Во срцето на оваа иновација е Xiaomi Astral Communication, збир на напредни технологии меѓу кои и Xiaomi Offline Communication – која овозможува директна гласовна комуникација помеѓу уредите во средини каде што не е достапен мобилен сигнал од мрежа, како на пример планини, пустини, џунгли, тешко достапни терени.
- До 1.9 km (15T Pro)
- До 1.3 km (15T)
Xiaomi 15T Series доаѓа со новиот HyperOS 3, кој нуди подобрено корисничко искуство, побрз мултитаскинг, подобро поврзување помеѓу уреди, HyperAI системско ниво на интелигенција, освежен дизајн.
Поголем, посветол и поимпресивен екран
Освен моќниот хардвер и унапредената конективност, унапреден е и дисплејот кој сега има големина од 6,83 инчи и е досега најголем дисплеј кај Xiaomi, а дизајниран е да го подигне нивото на креирање на содржини, читање и забава со живописен, остар и јасен приказ на графиката и деталите.
- До 3200 нити осветленост
- 15T Pro: 144Hz, 1.5mm ултра-тесни рамки, DC dimming, заштита за очи
- 15T: 120Hz, 3840Hz PWM заштита од треперење
Моќност и издржливост
Моќен дисплеј бара и нешта кои се подеднакво моќни за да ги задоволат потребите на денешните корисници и да испорачаат робусни перформанси. 15Т и 15Т Pro имаат батерија од 5500mAh на двата модели. 15T Pro: 90W жично + 50W безжично полнење, 15T: 67W жично полнење. Батеријата е дизајнирана за долготрајна употреба и задржува до 80% капацитет дури и по 1600 полнења.
Дополнително, уредот може да се вклучи за помалку од четири секунди откако ќе се приклучи на полнач, дури и кога е сосема испразнет.
Процесори:
- 15T Pro: MediaTek Dimensity 9400+ (3nm)
- 15T: MediaTek Dimensity 8400-Ultra
Врвен дизајн и висока издржливост
Сите овие моќни компоненти се спакувани во рафиниран, премиум дизајн кој ја рефлектира потрагата на Xiaomi по елеганција, издржливост и удобност во рака. Задниот дел на Xiaomi 15T серијата е изработен од стаклени влакна, а рамката со благо заоблени агли придонесува за пософистицирана естетика. Не само што има премиум изглед и чувство, туку нуди и зголемена издржливост за поголем спокој - Gorilla® Glass 7i дисплеј – двојно поотпорен на гребење со претходната генерација, IP68 сертификација – отпорност на вода до 3 метри длабочина и прашина. 15T Pro има алуминиумска рамка (6M13 легура) за зголемена заштита од паѓање.
15T Pro е достапен во црна, сива, и мока златна боја, а 15T во црна, сива и розово-златна.
Во Македонија, цените на уредите од Xiaomi 15T серијата ќе бидат следниве:
Xiaomi 15T Pro 12+512 ќе се продава по цена од 54.999 ден.
Xiaomi 15T 12+512 ќе се продава по цена од 42.999 ден.
Xiaomi 15T 12+256 ќе се продава по цена од 39.999 ден.