Деветта година по ред е забележана рекордна топлина на океаните

Топлината на светските океани на длабочина до 2.000 метри достигна највисоко ниво во 2025 година откако започнаа мерењата, и тоа деветта година по ред, според анализата на меѓународна група научници, објавува денес германската агенција dpa.

Во истражување објавено денеска, научниците откриле дека топлинската енергија се зголемила за 23 трилиони мегаџули во 2025 година во споредба со 2024 година. Тим предводен од Лиџинг Ченг од Кинеската академија на науките во Пекинг ги објави наодите од нивната студија, која користела податоци од 1958 година, во списанието Advances in Atmospheric Sciences.

Кога станува збор за просечните температури на површината на морето во светот, 2025 година беше третата најтопла година по 2024 и 2023 година. Истражувачите ја објаснуваат разликата помеѓу длабоките и површинските температури со фактот дека временскиот феномен Ел Нињо во Тихиот Океан значително ослабе во текот на изминатата година.

„Топлината на океанот е еден од најдобрите индикатори за климатските промени“

Ел Нињо обично се поврзува со потопли температури на површината на морето низ целиот свет. При проучувањето на топлината, се вклучени и температурите во подлабоките слоеви на океанот. Затоа, зголемувањето на топлината е релативно помалку под влијание на површинските климатски феномени и се смета за поважен индикатор за глобалното затоплување.

„Океанот апсорбира над 90 проценти од вишокот топлина заробена од стакленички гасови, што го прави главен ладилник за климатскиот систем. Бидејќи топлината на океанот (OHC) ја одразува акумулацијата на топлина во океанот, таа е еден од најдобрите индикатори за долгорочните климатски промени“, напишаа авторите на студијата.

реклама

Вреди 400 пати повеќе од злато: Кој е најскапиот метал?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Голем неделен хороскоп од 16 до 22 февруари: Што му предвидува на вашиот знак?

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Наука

Животно кое никогаш не умира ги фасцинира научниците

Read more

Вселенскиот телескоп James Webb ја откри најоддалечената галаксија досега

Read more

Изведена првата трансплантација на лице од донор што се подложи на асистирано умирање

Read more

Здравствените проблеми поврзани со пластиката ќе растат

Read more
 

Гик

Останки од девојче стари 11.000 години ја менуваат историјата

Читај повеќе
  • filter

Научници претворија отпад од лозја во амбалажа што исчезнува за само 17 дена

Читај повеќе

Доаѓаат „ѕверски“ хард дискови

Читај повеќе
  • play_arrow

Маск или Безос: Кој ќе стигне прв на Месечината?

Читај повеќе
  • play_arrow

John Wick добива нова игрица, трејлерот откри дека изгледа фантастично

Читај повеќе
  • play_arrow

Јутјубер го создаде најефикасниот дрон во светот, може да лета 3,5 часа

Читај повеќе

iPhone 17e ќе чини исто колку и 16e

Читај повеќе

По кои цени ќе се продава серијата Samsung S26 во Европа?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мистерија стара 60 години: Дали ова е локацијата на изгубената советска сонда на Месечината?

Читај повеќе