Откриен тектонски фрагмент што може да предизвика земјотреси до 9 степени во еден дел од светот

Откриен е древен тектонски фрагмент наречен Пионер длабоко под северниот брег на Калифорнија, кој би можел да предизвика земјотреси со јачина до 9 степени според Рихтер, пишува списанието Science.

Според најновата студија на тим геолози, овој фрагмент некогаш бил дел од огромната тектонска плоча Фаралон. До неодамна се сметало дека остатоците од оваа плоча целосно биле апсорбирани од Земјиниот плашт, но новите податоци покажуваат дека Пионер преживеал и сè уште активно се движи под земјата.

Истражувачите наведуваат дека Пацифичката плоча го заробил овој фрагмент пред околу 30 милиони години, по што тој мигрира кон север, однесувајќи се како „заглавена плоча на подвижна лента“. Откриен е благодарение на серија мали земјотреси со ниска фреквенција, кои им овозможиле на сеизмолозите да ја осветлат неговата форма длабоко во внатрешноста на Земјата.

Фрагментот се наоѓа на место каде што се среќаваат три големи тектонски плочи, една од најсеизмички активните области во САД.

Откритието значително го менува досегашното научно разбирање за регионот. Наместо три, сега се смета дека најмалку пет тектонски структури меѓусебно делуваат под површината. Ова ја зголемува контактната површина во зоната на субдукција, каде што се можни разорни земјотреси и до 9 степени, со потенцијал да предизвикаат цунами низ Тихиот Океан.

Научниците истакнуваат дека присуството на Пионер може да објасни и некои необични земјотреси од минатото, како оној во 1992 година кај 'ртот Мендосино со јачина од 7,2 степени, чија длабочина долго време ги збунува сеизмолозите.

Иако не може со сигурност да се предвиди дали токму овој расед ќе предизвика идни силни земјотреси, експертите предупредуваат дека ваквата сложена подземна структура во густо населена област значително го зголемува ризикот.

Мапирањето на ваквите скриени делови од Земјината кора е клучно, бидејќи им помага на властите подобро да се подготват за можни природни катастрофи и да ги заштитат населението и инфраструктурата.

Тагови
реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Read more

Наука

Мистериозна студена дамка ги збуни научниците: Нова студија вели дека тоа е злокобен знак

Read more

Научници од Кембриџ ја развија првата вакцина во светот користејќи вештачка интелигенција

Read more

Астероид денеска поминува блиску до Земјата: Каде можете да го гледате?

Read more

Направена првата квантна батерија: Авиони и дронови ќе се полнат преку ласери за минута

Read more

Гик

  • play_arrow
  • filter

Тим геолози предупредуваат: Ќе се отвори „сеизмичка порта“ со незамисливи последици

Читај повеќе

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Читај повеќе

100.000 инсталирања: Популарни екстензии на Chrome ве шпионираат и крадат

Читај повеќе

Мистериозна студена дамка ги збуни научниците: Нова студија вели дека тоа е злокобен знак

Читај повеќе

Новитети на Strava: Подобрени стилови на мапи, зачувување рути и предупредувања за отстапување од рута

Читај повеќе

Дали треба да ги исклучувате полначите од струја кога не ги користите?

Читај повеќе

Внимавајте од каде преземате игри: Заразени повеќе од 400.000 компјутери

Читај повеќе

Trump Mobile T1 Phone е всушност HTC

Читај повеќе

Падна Facebook, илјадници корисници пријавуваат проблеми

Читај повеќе