Расте бројот на загрозените белоглави мршојадци во Македонија

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 26.05.2025 / 19:44

Бројот на загрозените белоглави мршојадци во Македонија бележи значителен пораст, покажуваат најновите податоци од пребројувањето спроведено од Македонското еколошко друштво (МЕД) и Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци.

Фото: Боби Кузманоски

Оваа гнездечка сезона се потврдени 19 до 20 активни двојки, што претставува највисока бројка од 2010 година наваму.

Од вкупниот број, 9 двојки се гнездат во колонијата во Демиркаписката Клисура, додека 10 до 11 двојки се сместени во колонијата на Тиквешкото Езеро. Ова е значаен напредок, имајќи предвид дека во 2018 година, поради честите инциденти со труења на Балканот, популацијата беше сведена на само 6 двојки.

Позитивниот тренд се должи на интензивирањето на борбата против користењето на отровни мамки, особено преку проектот BalkanDetox LIFE, финансиран од Европската Унија. Дополнително, поставувањето на ГПС локатори на голем број птици од страна на експерти од Македонија, Бугарија и Грција овозможи нивно постојано следење и навремена реакција при опасност од труење. Овие мерки овозможуваат и превентивно делување, што значително придонесе за зголемување на бројноста на мршојадците низ целиот Балкански Полуостров, информираат од Македонското еколошко друштво.

Во моментов, најмалку 16 млади пилиња се наоѓаат во гнездата, минувајќи низ најризичниот период од својот живот – достигнување целосна големина и осамостојување. Во овој период тие се соочуваат со сериозна закана од недостиг на храна, бидејќи нивната исхрана главно се состои од угинати диви и домашни животни. Затоа, мрежата на хранилишта во регионот треба да се прошири за да им се зголемат шансите за опстанок.

Македонското еколошко друштво изразува надеж дека со натамошна работа и малку среќа, во следните неколку години ќе биде надмината бројката од 25 двојки – праг што пред повеќе од две децении се сметаше за критично низок кога започнаа напорите за нивна заштита.

Белоглавиот мршојадец останува еден од најзначајните индикатори за здравјето на екосистемот, а неговото закрепнување е резултат на долгорочна и координирана еколошка акција и регионална соработка.

реклама

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Read more

Преку ден сончево, попладне локален пороен дожд

Read more

Проширувањето на ЕУ на пресвртница: Кој прв ќе оди во Брисел?

Read more

Наука

Научници одгледуваат минијатурни човечки органи: Tестирањето лекови врз животни е минато?

Read more

Научниците открија мистериозна молекула на Плутон и месечината Титан

Read more

Археолозите ја открија изгубената „европска Атлантида“: 8.500 години скриена под морето

Read more

Откриено живо суштество старо 2.300 години на дното на морето 

Read more

Гик

Трамп е тужен затоа што сака да наплаќа за специјален пристап до неговите објави

Читај повеќе

Virgin Galactic го одложува првиот комерцијален лет на своето ново вселенско летало за 2027 година

Читај повеќе

Кинезите држат 97% од глобалната понуда на хуманоидни роботи

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT конечно доаѓа на Linux: За што има достапна поддршка?

Читај повеќе

Новите телефони стануваат поскапи: Која е поевтината алтернатива?

Читај повеќе

Claude става водени жигови на текстовите генерирани од AI

Читај повеќе

Научници одгледуваат минијатурни човечки органи: Tестирањето лекови врз животни е минато?

Читај повеќе

Колку се блиску хуманоидните роботи во имитирање на работата на луѓето?

Читај повеќе

Купувате нов компјутер? Microsoft направи потег што драстично ги зголемува цените

Читај повеќе