Зошто не треба да го истурате талогот од кафе во одводот?

Британските научници предупредуваат дека истурањето на остатоците од кафе во канализација може да има сериозно штетни последици за животната средина. Повод за ова предупредување е казната од 150 фунти што неодамна морала да ја плати една жителка на западен Лондон, откако во јавен одвод го истурила талогот од кафе.

Според податоците, секој ден во Велика Британија се консумираат околу 98 милиони шолји кафе, а во целиот свет дури две милијарди дневно, пренесува Science Alert.

Но, сите тие остатоци од течноста мора некаде да завршат — без разлика дали сте дома, на работа или брзате кон автобус. И додека првото утринско кафе е вид ритуал за повеќето луѓе, неговото неправилно фрлање може да претставува сериозен удар за животната средина, пренесува The Conversation — мрежа на непрофитни медиумски куќи што објавуваат истражувачки содржини подготвени од научници и новинари.

Кумулативен ефект од милиони шолји кафе

Истурањето на талогот од една шолја можеби не изгледа штетно, но 98 милиони шолји дневно во одводите создаваат огромен проблем за реките и локалните екосистеми, особено ако се земе предвид дека дополнително се оптоварува веќе постојната канализација.

Голем дел од Велика Британија користи комбиниран канализациски систем, при што една цевка ги пренесува и дождовните води од улиците и отпадните води од домаќинствата до станиците за прочистување. Колку повеќе кофеин завршува во тие цевки, толку е поголема веројатноста дел од него да избегне прочистување и да стигне директно до реките.

Шолјите кафе содржат стотици хемиски соединенија. Освен кофеинот (ако не пиете бескофеинско кафе), повеќето содржат и млеко, шеќер, а некои дури и какао, зачини или други додатоци.

Зошто кофеинот е штетен за животната средина?

Кофеинот е најштетниот елемент за природата бидејќи се разградува многу бавно и тешко. Тој спаѓа во групата на „нови загадувачи“, затоа што научниците дури неодамна започнаа да ја следат неговата концентрација во животната средина.

Уште во 2003 година било утврдено дека кофеинот ги загадува швајцарските езера и реки. Научниците дополнително предупредуваат дека ни безкофеинското кафе не е безопасно — сите видови кафе го намалуваат pH-факторот на водата, а органските материи во кафето при распаѓање одземаат кислород од водните системи.

Покрај тоа, хранливите материи во кафето можат да поттикнат раст на алги, со што повторно се намалува нивото на кислород во реките и езерата, што негативно влијае на животниот век на водните растенија и животни.

Недоволна ефикасност на прочистувањето на водата

Станиците за прочистување на отпадни води имаат различна способност за отстранување кофеин — од 60 до 100 проценти, во зависност од видот на прочистувањето, дизајнот на постројката, времето од годината, температурата и други фактори. Тоа значи дека дури и „прочистената“ вода што повторно се враќа во природата може да содржи кофеин.

Силните дождови дополнително го влошуваат проблемот кога капацитетот на канализационите цевки ќе биде надминат. Во такви случаи, непрочистената вода се испушта директно во реките за да се избегне поплавување на домови, бизниси и пречистителни станици. Без разлика дали кофеинот потекнува од одвод на улица или од тоалетот, тој на крајот завршува во реките и морињата.

Овој проблем е ист не само во Велика Британија, туку и насекаде во светот — дури и на Антарктикот. Истражување на 258 реки во 104 земји покажало присуство на кофеин во повеќе од 50 проценти од анализираните примероци.

Новите студии откриваат дека кофеинот влијае на метаболизмот, растот и подвижноста на некои слатководни алги, растенија и инсектни ларви, што може да предизвика нивно изумирање. Дури и во мали концентрации, кофеинот има штетно влијание врз водниот екосистем.

Правилно отстранување на кафето и другите течности

Уличните одводи се дел од нашиот воден систем. Не смее да се истура ништо во нив што не би требало да заврши во реките, езерата или морето. Тоа вклучува кафе и талог од кафе, течности со остатоци од храна, масла, бои, врела маст, детергенти, белила, градежни течности и слично. Сите овие супстанции треба да се одложат на соодветен начин или да се предадат во центри за отпад.

Уличните одводи постојат само за една цел - собирање дождовна вода, а не отпадни течности. Но поради комбинираните канализациски системи во многу земји, разликата меѓу истурање во мијалник или уличен одвод е минимална. Затоа, правилата за уличниот одвод важат и за домашниот.

Од практична гледна точка, талогот од кафе лесно може да го затне кујнскиот мијалник - уште една причина да не го истурате таму.

Алтернативни решенија за талогот од кафе

Ако секојдневно го истурате талогот дома, обидете се да го користите поинаку - измешајте го со вода и искористете го како природен тоник за растенија. Остатоците може во мали количини да се додадат во градина или цветна греда, но не претерајте: кофеинот може да го промени хемискиот состав на почвата и да ѝ наштети на нејзината структура.

Најдобро место за отстранување на остатокот од кафе е компостот. Може да се стави и во отпадот за храна што се рециклира. Ако немате таква можност, фрлете го талогот во соодветен контејнер за отпад.

реклама

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Наука

Научниците открија што го зголемува ризикот од рак на белите дробови, особено кај непушачите

Read more

Откриен нов, неверојатен вид пингвин: Првпат по 100 години

Read more

Роверот Perseverance најде докази за древна топла вода на Марс

Read more

Истражувачи развија ДНК-компјутер кој врши пресметки од 100 бита без електрична енергија

Read more

Гик

Starlink доаѓа на мобилните телефони: Илон Маск го купи делот од сложувалката што недостасуваше 

Читај повеќе

Дали ќе престанете да добивате ажурирања за вашата верзија на Windows?

Читај повеќе

American Airlines ќе воведе Starlink Wi-Fi во целата своја флота на авиони во 2027

Читај повеќе
  • play_arrow

Безос: Одиме на Месечината за да останеме таму

Читај повеќе

Apple воведе ново правило, ќе важи од следната година

Читај повеќе

Xbox демантира дека има ексклузивни права за стримување на GTA 6

Читај повеќе

Нобеловата награда за хемија доделена во областа на асиметричната хемија

Читај повеќе

Добитникот на Нобеловата награда за физика e oсновач на нова научна гранка за проучување на вселената

Читај повеќе

Кинезите направија подводни соларни панели: Произведуваат струја и на длабочина од 10 метри

Читај повеќе