AI модел во САД ѝ пратил на полицијата лажна дојава за нерасветлено убиство

Модел на вештачка интелигенција развиен од компанијата Anthropic испратил лажна дојава за нерешено убиство до полицијата во Филаделфија, соопшти полициската управа на градот.

Според полициското соопштение, дојавата била испратена во јули преку веб-страницата PhillyUnsolvedMurders.com, каде што граѓаните можат да споделуваат информации за нерешени убиства. Од Anthropic ѝ објасниле на полицијата дека моделот учествувал во тест што барал од него да стапува во интеракција со случајно избрани веб-страници.

„Можеби имам информации за овој случај“, напишал моделот во дојавата, пренесува Reuters. Полицијата изјави дека дојавата била означена како спам и никогаш не била препратена до Центарот за криминал во реално време (Real-Time Crime Center) на проверка. Според полицијата, нема докази дека моделот добил неовластен пристап до нивните системи или податоци.

Дојавата била испратена на 18 јули. Anthropic го открил инцидентот на 28 септември, а ја известил полицијата на 8 октомври.

„Ова сознание го споделивме со полицијата на 8 октомври, веднаш штом заврши нашата техничка проверка“, изјавија од Anthropic. Полицијата го оцени доцнењето на известувањето како неприфатливо.

Компанијата го обелодени инцидентот како дел од извештај за низа случаи поврзани со веб-страници на федерални, државни и локални институции. Според Anthropic, на моделот му било забрането да креира кориснички сметки или да врши деструктивни дејства, но не и да пополнува онлајн формулари. Процесот на тестирање бил прекинат по откривањето на случајот.

Ова е прв познат случај во кој модел на вештачка интелигенција испратил лажна дојава до надлежните органи. Намерното поднесување лажна пријава до полицијата во Пенсилванија претставува прекршок, но законот се однесува на луѓе.

Тагови
реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Софтвер

Instagram му објави војна на YouTube: Доаѓаат 90-минутни видеа, познато како ќе функционира

Read more

Дали вашиот Samsung телефон ќе добие One UI 9 и Android 17? 

Read more

Хакирање без ниту еден клик: Израелски шпионски софтвер се шири преку онлајн реклами

Read more

AI модел во САД ѝ пратил на полицијата лажна дојава за нерасветлено убиство

Read more

Гик

  • play_arrow

GTA VI ќе биде најскапата видеоигра во историјата

Читај повеќе

Alibaba донесе одлука: Дали паѓаат цените на вештачката интелигенција?

Читај повеќе

Bluetooth ќе стане значително побрз, усвоен нов стандард

Читај повеќе

НАСА загуби вселенски телескоп: Swift падна од орбитата и изгоре во атмосферата над Индонезија

Читај повеќе

Дали на Марс се кријат живи вулкани?

Читај повеќе

Што се смени: Нормалната телесна температура повеќе не е 37°C? 

Читај повеќе

Мрежа на ботови „зарази“ 1,3 милиони Android паметни телевизори

Читај повеќе

Идентификуван диносаурус што јадел овошје

Читај повеќе

Apple издаде итно предупредување за корисниците на iPhone

Читај повеќе