Контроверзниот милијардер Илон Маск во понеделникот лансираше рана верзија на онлајн енциклопедија напишана од вештачка интелигенција и наречена Grokipedia.
Маск веќе долго време најавува создавање услуга која, со помош на вештачка интелигенција, треба да стане конкурент на Wikipedia.
Визуелно, страницата наликува на Wikipedia по стил и формат, иако бројот на содржини и теми е сè уште многу скромен во споредба со Wikipedia. Моментално, на почетната страница на Grokipedia се наведува дека се прикачени 885.000 статии, додека Wikipedia на англиски јазик има повеќе од 8 милиони.
We are building Grokipedia @xAI.
— Elon Musk (@elonmusk) September 30, 2025
Will be a massive improvement over Wikipedia.
Frankly, it is a necessary step towards the xAI goal of understanding the Universe. https://t.co/xvSeWkpALy
Проектот е најновиот обид на Маск да го користи Grok, систем за вештачка интелигенција сличен на ChatGPT развиен од неговата компанија xAI, за да промовира десничарска нарација за која тој вели дека е цензурирана во Соединетите Американски Држави.
Некои обожаватели на Маск го поздравија неговото деби во понеделникот, додека критичарите посочија примери на статии што содржеа лаги или пасуси што буквално беа копирани од Wikipedia.
Сепак, по тестирањето на пребарувачот, голем број корисници пријавија дека бројни настани се изменети или дека наведените извори не ги одразуваат цитираните реченици.
Во делот за работата на Маск во Министерството за војна на САД, Grokipedia вклучи грешка во врска со кандидатот за гувернер на Охајо, Вивек Рамасвами, тврдејќи дека тој презел „поистакната улога“ по заминувањето на Маск во мај. Рамасвами всушност ја напушти заедничката работна група пред таа да стане дел од администрацијата на Трамп во јануари.
За да го поддржи лажното тврдење, Grokipedia цитираше статии од BBC и Al Jazeera, од кои ниту еден не го спомена Рамасвами.
If you’re wondering what the Grokipedia experience is like pic.twitter.com/9bnYigR6A0
— Ramin Tahbaz (@ramintahbaz) October 28, 2025