Apple предупреди: Милијарди iPhone-и се во ризик

Apple издаде итно безбедносно предупредување за корисниците на iPhone ширум светот - милијарди мобилни телефони се потенцијално изложени на ризик поради сериозни безбедносни недостатоци на софтверот.

Според компанијата, ранливостите се однесуваат на WebKit - механизмот што го користи Safari и бројни други апликации за прикажување на интернет содржина. Овие ранливости веќе активно се користат во хакерски напади, што може да доведе до кражба на податоци или контрола на уреди.

Apple ги објави најновите безбедносни закрпи како дел од ажурирањето на iOS 26.2, но проблемот е што многу корисници сè уште не ја инсталирале најновата верзија на оперативниот систем.

Според достапните податоци, само мал процент од корисниците се префрлиле на iOS 26, додека поголемиот дел од iPhone-ите сè уште работат на постари, помалку безбедни верзии на софтверот, оставајќи ги изложени на потенцијални напади.

Како да препознаете дали вашиот iPhone е компромитиран?

Експертите за сајбер безбедност предупредуваат на неколку знаци што може да укажуваат на компромитиран уред:

  • чести и неочекувани реклами и скокачки прозорци
  • апликации што корисникот не ги инсталирал сам
  • забрзано празнење на батеријата
  • забележително забавено работење на телефонот
  • невообичаено голема потрошувачка на мобилен интернет
Како да се заштитите?

Во случај корисниците да забележат некој од овие симптоми, се препорачува веднаш да го ажурирате уредот, да ги промените лозинките за важните сметки и да ги отстраните сомнителните апликации.

Apple вели дека редовните ажурирања на софтверот се еден од најефикасните начини за заштита од сајбер закани и ги поттикнува корисниците да не го одложуваат инсталирањето на најновите безбедносни закрпи.

Тагови
реклама

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Read more

Преку ден сончево, попладне локален пороен дожд

Read more

Проширувањето на ЕУ на пресвртница: Кој прв ќе оди во Брисел?

Read more

Вести

Трамп е тужен затоа што сака да наплаќа за специјален пристап до неговите објави

Read more

Virgin Galactic го одложува првиот комерцијален лет на своето ново вселенско летало за 2027 година

Read more

Кинезите држат 97% од глобалната понуда на хуманоидни роботи

Read more

ChatGPT конечно доаѓа на Linux: За што има достапна поддршка?

Read more

Гик

Трамп е тужен затоа што сака да наплаќа за специјален пристап до неговите објави

Читај повеќе

Virgin Galactic го одложува првиот комерцијален лет на своето ново вселенско летало за 2027 година

Читај повеќе

Кинезите држат 97% од глобалната понуда на хуманоидни роботи

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT конечно доаѓа на Linux: За што има достапна поддршка?

Читај повеќе

Новите телефони стануваат поскапи: Која е поевтината алтернатива?

Читај повеќе

Claude става водени жигови на текстовите генерирани од AI

Читај повеќе

Научници одгледуваат минијатурни човечки органи: Tестирањето лекови врз животни е минато?

Читај повеќе

Колку се блиску хуманоидните роботи во имитирање на работата на луѓето?

Читај повеќе

Купувате нов компјутер? Microsoft направи потег што драстично ги зголемува цените

Читај повеќе