Apple со еден потег сериозно го потресе Google

Позицијата на Google може да биде отежната, бидејќи Apple планира да воведе вештачка интелигенција во својот прелистувач.

Американската технолошка корпорација Apple планира да воведе опции за пребарување базирани на вештачка интелигенција, како што се Perplexity и ChatGPT, во својот прелистувач Safari, вест што ја потресе доминацијата на Google, кој во голема мера се потпира на корисниците на Apple iPhone за рекламирање.

Веста веднаш предизвика реакција на пазарот - акциите на Aphabet, матичната компанија на Google, паднаа за 7,3 проценти, што избриша околу 150 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата, објавува Business Standard.

Според информирани извори, долгогодишниот менаџер на Apple, Еди Кју, за време на сведочењето во антимонополската тужба против Google, изјави дека неговата компанија „активно ги разгледува“ споменатите промени во Safari, што би значело губење на ексклузивноста за Google.

Google моментално му плаќа на Apple околу 20 милијарди долари годишно за да остане стандарден прелистувач на Safari, а доколку се направат промени, многу огласувачи би можеле да пренасочат значителен дел од тие пари кон други опции за рекламирање.

Министерството за правда на САД разгледува мерки што би можеле да ги забранат ваквите договори и со тоа да ја ограничат доминацијата на пазарот на Google.

Се очекува Apple дополнително да ги разјасни плановите на својата годишна конференција во јуни, што би можело да сигнализира уште подлабоки промени во екосистемот за пребарување на интернет.

Тагови
реклама

Старт-стоп системите стануваат минато

Read more

Затишје пред бура: Цените на половните автомобили пред драматична промена

Read more

Германија подготвува најстрог сообраќаен закон: Целосна забрана за апликации за предупредување од камери

Read more

Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник

Read more

Вести

Јутјубер го создаде најефикасниот дрон во светот, може да лета 3,5 часа

Read more

Мистерија стара 60 години: Дали ова е локацијата на изгубената советска сонда на Месечината?

Read more

Microsoft советува: Ажурирајте веднаш!

Read more

Планетата Земја го доживеа петтиот најтопол јануари досега

Read more
 

Гик

  • play_arrow

John Wick добива нова игрица, трејлерот откри дека изгледа фантастично

Читај повеќе
  • play_arrow

Јутјубер го создаде најефикасниот дрон во светот, може да лета 3,5 часа

Читај повеќе

iPhone 17e ќе чини исто колку и 16e

Читај повеќе

По кои цени ќе се продава серијата Samsung S26 во Европа?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мистерија стара 60 години: Дали ова е локацијата на изгубената советска сонда на Месечината?

Читај повеќе

Плати 70 милиони долари за две букви: Кој е купувачот на најскапиот интернет домен досега?

Читај повеќе

Facebook воведува анимации за профилни фотографии поддржани од Meta AI

Читај повеќе

Spotify има повеќе од 750 милиони месечни активни корисници

Читај повеќе
  • play_arrow

Животно кое никогаш не умира ги фасцинира научниците

Читај повеќе