Европа го доби првиот патнички воз без возач

Во неговиот развој се инвестирани повеќе од 8 милиони евра, а возот моментално сообраќа во текот на првиот викенд од секој месец, со планови за проширување на возниот ред по завршувањето на фазата на тестирање.

Првиот европски патнички воз без возач на отворени железнички линии официјално започна со работа во Чешка. Ова е револуционерно достигнување што означува голем чекор во примената на вештачката интелигенција (AI) во железничкиот транспорт, пренесува Deutsche Welle.

Автономниот воз наречен Edita, развиен од технолошката компанија AŽD Praha (скратено од Automatizace železniční dopravy Praha), користи камери, ласерски скенери и напредни алгоритми со вештачка интелигенција за препознавање пречки и безбедно управување при возењето.

За разлика од претходните автономни возови што работеа во затворени системи како метрото, Edita работи во реални услови, реагирајќи на временските промени, животните и непредвидените ситуации на пругата.

Технологијата е базирана на Европскиот систем за контрола на возови (ETCS), а проектот е поддржан од Европската Унија. Во нејзиниот развој се инвестирани повеќе од 8 милиони евра, а возот моментално сообраќа првиот викенд од секој месец, со планови за проширување на возниот ред по завршувањето на фазата на тестирање.

Remote video URL
Автомобили и минибуси без возачи

Да потсетиме дека ова не е прв случај на појавување на возило без возач, напротив. Во Хрватска изградбата на првиот производствен погон за автономни автомобили започна претходно годинава. Во оваа фабрика ќе се произведува Vern, автономно електрично роботакси, именуван по познатиот француски писател Жил Верн.

Градежните работи треба да завршат до крајот на оваа година, додека производството е планирано да започне во 2026 година.

Шпанската престолнина, исто така, има аргументи за автономен транспорт. Имено, првиот целосно автономен електричен минибус направен во Шпанија неодамна започна со тестирање во срцето на Мадрид. Возилото без возач веќе превезува патници низ познатиот парк „Каса де Кампо“, а експертите веруваат дека оваа технологија би можела да го реши растечкиот проблем со недостигот на возачи низ цела Европа.

Од 15 септември, овој целосно електричен и автономен автобус од домашно производство циркулира низ еден од најголемите паркови во Мадрид, како дел од пилот-проект што заеднички го спроведуваат Општинската транспортна компанија (EMT) и Технолошкиот центар за автомобилска индустрија на Галиција (CTAG).

Целта на проектот е да се тестира технологијата за автономно возење во реални услови на сообраќај.

Бесплатен, тивок и без возач - носи 12 патници

Минибусот може да прими до 12 патници и работи во работните денови, од понеделник до петок, од 12:00 до 17:00 часот.

Автономните возила како овој минибус би можеле да бидат одговорот на растечкиот недостиг на професионални возачи во Европа. Иако Мадрид во моментов не се соочува со овој предизвик, експертите веруваат дека технологијата би можела да им помогне на градовите кои имаат проблеми во критичните области.

„Моментално немаме проблеми со персоналот, но гледаме можност да ја подобриме безбедноста и ефикасноста на јавниот превоз“, вели Чакон.

Оваа технологија може да помогне во т.н. жешки точки каде што овие проблеми се поизразени.

Автономните возила се возила што можат да се движат без возач, користејќи напредни сензори, вештачка интелигенција и разни технологии за навигација и донесување одлуки во сообраќајот. Овие возила можат да препознаваат пречки, сообраќајни знаци, пешаци и други возила и да реагираат во реално време без потреба од човечка интервенција.

Тагови
реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Вести

Windows 11 ги израдува сите кои користат менаџери за лозинки

Read more

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Read more

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Read more

Што се случило со вагонот во кој било потпишано примирјето во Првата светска војна?

Read more
 

Гик

Windows 11 ги израдува сите кои користат менаџери за лозинки

Читај повеќе

OpenAI тестира групен разговор за ChatGPT

Читај повеќе

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Читај повеќе
  • play_arrow

Gran Turismo 7 добива една од најголемите надградби досега

Читај повеќе

Колку сме блиску до глобален квантен интернет?

Читај повеќе

Backbone го претстави Pro Xbox Edition контролерот со Bluetooth и ажуриран дизајн

Читај повеќе

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Читај повеќе

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Читај повеќе

PlayStation 5 ги надмина во продажба сите Xbox конзоли

Читај повеќе